Магичен напиток: Што ќе се случи со вашето тело ако 7 дена пиете кокосова вода?

Магичен напиток: Што ќе се случи со вашето тело ако 7 дена пиете кокосова вода?

Порано беше тешко да се најде овој магичен напиток во нашите продавници. За среќа, денес може да се набави од големите супермаркети и продавниците за свежа храна. Затоа, време е да дознаете зошто треба да го конзумирате. Ова се неверојатните својства на кокосовата вода кои позитивно влијаат на вашето здравје.

magichen-napitok-shto-kje-se-sluchi-so-vasheto-telo-ako-7-dena-piete-kokosova-voda-kafepauza.mk

Ако сте спремни на предизвикот кој значително ќе го подобри вашето здравје, набавете поголема количина кокосова вода. Овој напиток содржи минимална количина маснотии и затоа можете да го конзумирате во големи количини, а по само 7 дена вашиот организам ќе се препороди.

1. Кокосовата вода докажано го јакне имунолошкиот систем, лечи инфекции, ги уништува бактериите и вирусите.

2. Содржи големи количини влакна заради што е одлична за системот за варење. Со редовно конзумирање ќе го смирите желудникот ако често ви се создаваат киселини.

3. Кокосовата вода е природен диуретик и затоа е одлична за луѓето кои имаат проблеми со бубрезите. Го чисти уринарниот тракт, мочниот меур, ги уништува токсините и ги разбива бубрежните камења.

4. Ќе ви даде енергија, ќе го намали уморот и поспаноста. Заради тоа, добро е да се пие после тешки физички активности или после вежбање.

5. Таа ќе ви помогне и во губењето на килограмите. Заради своите богати состојки, го потиснува апетитот и дава долготрајно чувство на ситост.

6. Кокосовата вода делува одлично на кожата, ја подмладува и ѝ помага да остане долго време хидрирана. Наместо тешки и масни креми со кои се обидуваме да ѝ дадеме свежина на кожата, напијте се по една чаша кокосова вода секоја ноќ пред да си легнете.

7. Исто така можете да ја нанесувате директно врз проблематичната кожа. Кокосовата вода помага во чистењето на акните и изедначувањето на тенот на лицето.

8. Кокосовата вода ќе ви помогне и доколку претерате со пиење, бидејќи има моќ да го смири стомакот.

Не постои дел од телото или организмот на кој овој одличен пијалак нема добро да делува. Затоа, задолжително воведете го во вашата редовна исхрана.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар