Магичен еликсир од лук кој комплетно ќе ве препороди
Иако напиток од лук не звучи баш како највкусното летно освежување, сепак кога ќе видите колку лесно се подготвува и за какви сѐ тегоби помага, и вие ќе посакате да го имате во вашата кујна.
Корисен е за исфрлање на солта и наслагите на сол во организмот, ја подобрува работната способност на организмот, чисти од вируси, инфекции и бактерии, ја прочистува крвта, го јакне имунитетот, крвните садови и работата на срцето. Исто така ги отстранува вишокот масти и го подобрува метаболизмот. Можете да го користите и за женски болести и воспаленија, а покрај сѐ што е наведено, го чисти целиот организам од штетни наслаги.
Начин на подготовка:
- Во стаклена тегла ставете 12 чешниња лук, а секое исечете го на 4 дела.
- Прелијте со пола литар црно вино.
- Затворете ја теглата и оставете ја покрај прозор, на сонце, две недели.
- Секој ден протресувајте 2-3 пати.
- После две недели процедете и префрлете ја течноста во темно стаклено шише.
Напитокот треба да се конзумира 3 пати на ден и тоа по една лажичка во текот на еден месец, а постапката може да се повтори после 6 месеци.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.