Лушпи од компири: Најдобриот начин да се справите со белите влакна

Лушпи од компири: Најдобриот начин да се справите со белите влакна

Мажи, жени, млади, стари… Сите луѓе имаат една заедничка работа: стравот од белеење на косата. И покрај тоа што во последно време постојат трендови кои вклучуваат сребрени прамени, сепак поголемиот дел од луѓето се обидуваат по секоја цена да ги избегнат овие природни трансформации на косата. Токму затоа и сите се подготвени да трошат многу пари со цел да ја задржат својата природна боја на коса.

2-lushpi-od-kompiri-najdobriot-nachin-da-se-spravite-so-belite-vlakna-kafepauza.mk

Но, изгледа постои природно, едноставно и евтино решение кое ќе ви помогне да ги скриете белите влакна. Сè што ви е потребно се лушпи од компири и вода во која ќе ги зовриете. Откако тие ќе зовријат, треба да се исцедат и со останатата вода да ја исплакнете вашата коса по нејзиното миење со обичен шампон. Одличен трик, се согласувате? Погледнете го следново видео за подетално објаснување на постапката.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар