Луѓето со овие 8 особини се најдобрите пријатели коишто можете да ги имате
Најдобри пријатели се оние луѓе од коишто очекуваме да нè негуваат, да нè утешат, да ни дадат енергија… Нашите меѓусебни реакции со овие мажи и жени треба да нè ревитализираат, инспирираат и во некоја мера, да ни го направат животот повреден за живеење. Згора на тоа, постојат огромен број научни докази, коишто покажуваат колку е големо влијанието на квалитетот на нашите пријателства, врз нашите животи.
Според нив, добрите пријателства ни го зголемуваат чувството на среќа, ни го намалуваат нивото на стрес, ни ја зголемуваат самодовербата, ни помагаат полесно да се справиме со траумите (раскинување, развод, сериозна болест, губење на работата или смрт на блиска личност), нè охрабруваат да смениме лоши навики и ја намалуваат нашата стапка на смртност.
Истражување за деменција кај старите жени, открило дека поголемите социјални кругови имале заштитно влијание на когнитивните функции кај овие жени. Друга студија спроведена од невролози, докажала дека социјалната интеракција, може потенцијално да ја намали болката и да го подобри закрепнувањето, кај пациентите коишто страдаат од физичка болка.
Доколку сте во потрага по пријателство коешто ќе го преживее „тестот на времето“, есенцијално е да знаете кои карактерни особини треба да ги барате во пријателите. За таа цел, прочитајте ги следниве особини коишто ги имаат најдобрите пријатели коишто можете да ги најдете, бидејќи на нив им е сосема јасно што е потребно за формирање на вистинско пријателство.
1. Енергична личност
Добар пријател е оној со кој брзо и лесно се поврзувате. Некој со којшто изгледа како добро да се познавате уште од самиот почеток на вашето здружување. Овој однос е проследен со чувство на леснотија и удобност, коешто произлегува од таа блискост и меѓусебна поврзаност.
2. Добро оформена личност
Како што се запознавате, вие откривате дека имате заеднички вредности и интереси во животот. Можеби, да речеме, уживате во ист вид активности, читате слични книги или гледате слични филмови. Можеби станувате во исто време наутро од креветот, сакате да јадете сличен вид храна, имате сличен поглед кон вредните нешта кои го сочинуваат животот, имате слични ставови околу тоа како треба да се воспитуваат децата или пак можеби, имате заеднички интерес за слични каузи.
3. Личност која има сочувство
Добрите пријатели имаат сочувство за сите нешта коишто ги искусувате во животот. Тие ја разбираат вашата болка со огромна поддршка и ве поттикнуваат и се радуваат на секој ваш успех. Замислете го вашиот најдобар пријател, како мажоретка којашто настапува во име на сите ваши секојдневни предизвици и достигнувања.
4. Внимателна личност
Добриот пријател ќе ве слуша заинтересирано и ќе ви возвраќа со поддршка за вашите мисли, чувства и идеи. Внимателното сослушување, подразбира и навраќање на кажаното и размислување, како и предложување позитивни идеи на соговорникот. Добрите слушатели, се сензитивни личности коишто сфаќаат во кој момент од разговорот треба вие да зборувате, а кога треба да слушнете некој коментар назад од нив.
5. Слободоумна личност, без предрасуди
Кога вашиот пријател ќе слушне нешто коешто сте го споделиле со него или со неа, особено ко тоа е нешто непријатно за вас, тој или таа треба да ви возврати со прифаќање и разбирање и треба да избегнува да ве осудува. Тој или таа треба да почека со давањето предлог-решенија, сè додека вие не бидете подготвени и не сте во состојба да ги слушнете. Вистинскиот пријател е свесен дека не треба да ги „поправа“ вашите проблеми, туку да ве сослуша и доколку сакате, да ви даде добронамерен, ненаметлив совет.
6. Автентична и веродостојна личност
Една од најважните причини зошто се чувствувате блиски со вашиот најдобар пријател, е фактот дека знаете точно која е таа личност. Вие меѓусебно сте отворени еден со друг за сите прашања коишто ви се на двајцата важни. И покрај тоа што сте свесни дека вие сепак не сте идентични близнаци, вие си ги прифаќате и вреднувате карактерите, вклучително и вашите мани.
7. Личност од доверба
Ова е човек на којшто можете да се потпрете. Однесувањето на најдобрите пријатели треба да биде лесно предвидливо и вие треба да знаете што да очекувате од нив. Тие го прават она што ќе го ветат. Вие можете да сметате на нив.
8. Забавна личност
Споделување хумор, забава и насмевки, е многу важен аспект на секое вистинско пријателство. Кога се смеете за разните позитивни, па и не така убави ситуации во вашиот живот, вие си помагате во намалување на стресот и ја зголемувате вашата способност за справување дури и со болните моменти, бидејќи со заеднички сили почнувате да ја гледате хумористичната ситуација, на сето она што ве окружува. Воедно, смеењето за нештата коишто ни предизвикуваат тензија или вознемиреност со нашите пријатели, зборува за тоа дека добро се разбирате еден со друг и имате слични ставови околу болката и страдањето.
Заклучок: И покрај тоа што ова се основните карактерни особини коишто треба да ги пронајдете во вашиот најдобар пријател, доколку вашето вообичаено однесување и однесувањето на таа личност, не се компатибилни, тогаш може да биде тешко да оформите длабока конекција. На луѓето им е во природата да развиваат префериран начин на однесување во овој свет, па тој станува природниот пристап кон животот и однесувањето со другите луѓе.
Дури и ако пријателот ги поседувате сите овие 8 особини, доколку неговиот или нејзиниот пристап кон животот значително се разликува од вашиот пристап, тогаш вашите вообичаени стилови на однесување можат да дојдат во меѓусебен судири. Погледнете ги и следниве 5 црвени знаменца, коишто може да сигнализираат некомпатибилност…
1. Имате многу различни потреби за времето поминато насамо и во друштво
Доколку да речеме, вам и на вашиот пријател ви е потребно време во самотија, со цел да се релаксирате и ослободите од стресот, тоа може да индицира дека вие сте добра комбинација, бидејќи вашите потреби се синхронизирани. Но, доколку на вашиот пријател на редовна база му е потребно повеќе простор, а вам ви е неопходен редовен контакт тоа може многу да ви засмета, па и двајцата ќе почнете да чувствувате непријатност и оддалечување еден од друг.
2. Имате значително различно темпо на живеење
Доколку вие и вашиот пријател го живеете животот со спротивставено темпо, тоа може да донесе проблеми во вашето другарство, со тек на време. Можеби, на пример, вашиот другар чека до последниот момент за да излезе од дома, бидејќи не сака да чека редици, па потоа јури кон аеродромот за да не го испушти летот, а вие сакате да бидете таму минимум еден час порано за да бидете сигурни дека тоа нема да се случи. Доколку патувате заедно, ваквите различни стилови на однесување и преференции, може да внесат стрес, па патувањето ниту ќе биде забавно, ниту вашето пријателство ќе биде среќно.
3. Имате многу различни реакции на промена
Ако вие сакате да дефинирате однапред утврдено време за средба, а вашиот пријател сака да прави спонтани одлуки во моментот и постои промена во распоредот којашто овозможува да се најдете порано од предвидениот термин, пријателот спонтано ќе сака да го промени терминот, а вам нема да ви се допаѓа тоа. Ова може придонесе и двајцата да се чувствувате обесправено од стилот на однесување на вашиот пријател и покрај тоа што и двајцата/двете имате најдобри намери и сакате вашето пријателство да успее.
4. Имате многу различен пристап во донесувањето одлуки
Да речеме дека вашиот другар/ка ги следи прописите, кога станува збор за (не)пишаните правила или закони. Застанува на секое црвено светнување на семафорот и го забавува темпото на возење кога ќе светне жолто, за де се осигури дека ќе може навреме сосема да закочи. Вие од друга страна, ги доживувате законите само како упатство за совесно однесување, па ако семафорот светне жолто и на улицата нема многу сообраќај, вие можеби ќе забрзате со возење за да го поминете семафорот, дури и ако тоа значи дека на пола пат до вашата цел, семафорот светнал црвено. Овие различни стилови на однесување, во најмала рака, може да доведат до некои непријатно поминати заеднички возења со автомобил.
5. Многу различни перцепции за контрола
Вие можеби чувствувате дека имате контрола кога сè ви е во најдобар ред и добро организирано, додека вашиот другар или другарка, чувствува контрола кога знае дека има можност да се премисли и да појде во спротивна насока, доколку ситуацијата го бара тоа од него/неа. Вашата потреба за ред по прописи може да направи да се чувствува нервозно, а следствено на тоа неговото или нејзиното менување насока во последен момент, ќе ве направи вас анксиозни, па како резултат на тоа и двајцата ќе се чувствувате напнато и фрустрирано.
Најважниот фактор во развивањето и негувањето здрави пријателства, е подготвеноста на двете инволвирани страни да бидат отворени за разбирање на потребите на другиот. Доколку сте загрижени дека може да постои некаков посериозен проблем во некое од вашите значајни и блиски пријателства во животот, поставете си ги на себе следниве прашања:
- Што јас сакам од ова пријателство?
- Што јас добивам од ова пријателство?
- Што ми недостасува во него?
- Кои се моите потреби? Кои се неговите/нејзините потреби?
- Што се чувствувам удобно да побарам од него/неа? Што можам да понудам и притоа да се чувствувам удобно?
Резиме: Добар пријател е некој којшто ужива да поминува време со вас. Некој со којшто ќе се смеете и ќе ги споделувате животните задоволства, но и предизвиците. Некој, чиишто потреби се компатибилни и на позитивен начин се преклопуваат со вашите. Да се има добар пријател, претставува голема радост во животот, но вистинските пријателства се ретки. Тоа е исто како да пронајдете детелинка со четири листа – тие се тешки да пронаоѓање, а сепак понекогаш се појавуваат онаму каде што најмалку очекуваме и нè прават исклучително среќни што сме ги пронашле.
Може да ве интересираат и овие 4 совети кои ќе ви помогнат да привлечете вистински пријатели.