Луѓето се на Земјата поради 2 причини: Да сакаат и да бидат сакани!
Обидете се да ги отстраните сите непријатели од своите мисли, затоа што истата интелигенција која поминува низ вас, поминува и низ другите луѓе. Кога ќе сфатите дека сте поврзани со сите, ќе ви биде незамисливо да ги повредувате другите, а особено да чувствувате омраза кон нив.
Со други зборови, на оваа планета не постојат погрешни избори, сите сте овде со одредена причина и иста божествена енергија тече низ вас, па кога ќе престанете да мислите дека сте посебни од другите, ќе почнете да согледувате дека вистинската причина за којашто сте овде е љубовта.
Бог не сака да научите да го сакате него, туку да научите да се сакате едни со други, затоа што тоа значи да се биде свето битие, да се нема непријатели и луѓето да се сакаат помеѓу себе. Тоа е она што значи навистина да се сака Бог. Настојувајте љубовта да ви биде главен фокус во вашиот живот. Кога ќе успеете во ова, нема да имате никакви очекувања од другите околу тоа како ќе реагираат на вашето изразување на љубовта.
Давајте без да очекувате некакви награди или нешто друго за возврат. Запаметете, вие сте на Земјата само од две причини: Да сакате и да бидете сакани! Ако ѝ се препуштите на оваа мисла, сѐ во вашиот живот ќе добие поинаква смисла и тој ќе стане поубав.