Луѓето кои заслужуваат да бидат дел од вашиот живот нема да ве натераат да трчате по нив

Луѓето кои заслужуваат да бидат дел од вашиот живот нема да ве натераат да трчате по нив

Дали ви се случило да се заинтересирате за некој дечко или девојка кои не ви обрнуваат внимание и никогаш немаат време за вас? Вие постојано се залажувате дека кога би поминале повеќе време со вас и кога би ве виделе во поинакво светло можеби би се вљубиле во вас. Можеби само треба да дознаат дека сте подготвени да го разберете нивниот натрупан распоред и дека нема да ги форсирате да започнете врска. Ова се изговорите со коишто го оправдувате нивното игнорирање и лошо однесување.

Луѓето кои заслужуваат да бидат дел од вашиот живот нема да ве натераат да трчате по нив

Можеби сето ова ви делува логично, но ако размислите подобро, ќе сфатите дека ваквите замисли се апсурдни. Од една страна сакате да верувате дека на дечкото или девојката им треба повеќе време за да се вљубат во вас, но од друга страна, пак, ако не можат да одвојат време за вас, дали навистина ве заслужуваат?

Воопшто не е забавно да се трча по некого. Сигурно и вам не ви е забавно кога нервозно чекате некој да ви врати на пораката, иако не знаете дали одговорот ќе ве насмее или расплаче. Сигурно не уживате во тоа да организирате и потврдувате љубовни состаноци, притоа знаејќи дека вие сте повозбудени за средбата. Сигурно не ви е интересно постојано да смислувате нови теми за разговор секогаш кога ќе ви се влоши комуникацијата. Постојано се трудите, но забележувате дека другата страна не вложува ни приближно исто толку труд колку и вие.

Не е забавно да се обидувате да му покажете некому колку вредите, особено ако тој некој не знае да ги цени вашите квалитети кои сте ги граделе и усовршувале со години. Премногу се трудите за некого кој воопшто не се труди за вас.

Луѓето кои заслужуваат да бидат дел од вашиот живот нема да ве натераат да трчате по нив

Сфатете ги љубовните врски како пријателства. Сигурно никогаш не мора премногу да се трудите за да стапите во контакт со вашите пријатели. Судено ви било да бидете пријатели, па така сѐ си дошло на свое место. Сте решиле дека сакате да бидете дел од вашите животи и сте го оствариле тоа. Сте се слушнале кога сте си ветиле дека ќе се јавите. Сте испланирале излегувања и сте се појавиле на договореното место. Сте патувале заедно затоа што сте сакале да бидете на исто место. Сте се грижеле еден за друг. Не сте го криеле вашето пријателство. Не сте биле загрижени дека ќе се изгубите меѓусебно, бидејќи сте знаеле дека вашата љубов е вистинска. Не сте трчале еден по друг. Сте се нашле и сте одлучиле да останете заедно.

Најчесто, пријателствата се посилни од љубовните врски, бидејќи вашите пријатели заслужиле да бидат дел од вашиот живот. Не сте морале да се борите за нив. Не сте морале да им докажувате дека ја заслужувате нивната љубов. Не сте требале да смислувате оправдувања за нивното однесување или да велите дека им треба повеќе време за да ве запознаат подобро.

На одредена возраст, некои работи ви стануваат јасни како ден. Знаете со кого сакате да поминувате време и кому сакате да го подарите вашето внимание. Знаете кого сакате да запознаете подобро, бидејќи ви делува интересно. Ако некој не може да го забележи и разбере тоа, тогаш трчањето по него нема да смени ништо. Доколку постојано трчате по некого, тоа може да е знак на некој поголем проблем. Можеби сте осамени, можеби ви е здодевно или можеби сакате да ви се случи нешто возбудливо во животот. Но, љубовните врски не функционираат на таков начин. Љубовта е двонасочна улица.

Доколку некој не може да види колку вредите, не го сфаќајте тоа како предизвик да му докажете дека греши. Сфатете го тоа како знак дека тој човек не заслужува да биде дел од вашиот живот. Не треба да им се докажувате на луѓето кои знаат колку вредите. Ним не им треба време за да ве запознаат подобро. Тие само се појавуваат во вашиот живот и ви покажуваат дека вредите многу повеќе одошто мислите.

За да заборавите на луѓето кои не ве заслужуваат, прочитајте како да преболите некого со кого не сте ни започнале врска.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар