Луѓето кои ја издржуваат здодевноста се попродуктивни
Денес изгледа како постојано да сме во војна против здодевноста. Како навистина да се плашиме од неа. Размислете, што правите кога ви е здодевно или кога чекате нешто? Најверојатно го користите вашиот смартфон или барате каква било занимација. Ако и ова ви е здодевно, вие сте нешто посебно.
Човечкиот мозок ја мрази здодевноста
Мозокот е програмиран на начин што постојано бара некој стимул. Секогаш кога доживуваме нешто ново, ние чувствуваме задоволство и мал одмор од здодевноста. Сепак, по некое време искуството го нема истиот ефект и повторно ни е здодевно. Овој циклус продолжува и ние бараме начини да ја избегнеме здодевноста. Вистината е дека иако нашиот мозок ги бара овие искуства, ние немаме потреба од нив. Нема потреба постојано да бидеме стимулирани, а постојаното барање на стимули може да има негативно влијание на нас и на нашата продуктивност.
Кога работиме нешто што ни е тешко, често ни станува здодевно, па вниманието лесно ни се одвлекува. Недостатокот од интерес за нешто и желбата за промена се клучните фактори кои предизвикаат здодевност.
Одвлекувањето на вниманието е лек за здодевноста
Кога ни е здодевно веднаш чувствуваме потреба да се ослободиме од тоа чувство. Бараме активности кои ќе ни ја намалат здодевноста. Ова може да биде голем проблем ако задачата која треба да ја завршите е важна. Замислете си дека пишувате извештај кој треба да го завршите до следното утро. Додека пишувате ви станува здодевно, па почнувате да гледате нешто на Јутјуб. Оваа промена создава ризик од неисполнување на вашата задача, или пак завршување на задачата со помал квалитет. Ова се само некои од опасностите со кои се соочуваме кога ѝ подлегнуваме на здодевноста.
Владејте со вашата здодевност
Овде не станува збор за тоа како да се ослободите, туку како да завладеете со здодевноста. Најпрво треба да ви биде јасно дека е сосема нормално да ви биде здодевно. Наместо да се борите со ова чувство, прифатете го. Сè што треба да направите е да одвоите време.
Одвојте време за активности кои ви го одвлекуваат вниманието
Во моментите кога ви е здодевно, одвојте време за други активности кои ќе ги гледате како паузи. На овој начин кога ќе треба навистина да работите нешто ќе бидете пофокусирани и здодевноста нема да ви го одвлекува вниманието. Редовните паузи од работењето може значително да ја зголемат вашата продуктивност. На пример, работете околу 50 минути, а потоа направете пауза од 20 минути.
Создадете толеранција за здодевноста
Ако сте одвоиле време за пауза од 30 минути, следните 30 минути работа ќе бидат вежба за концентрација. Не само што ќе ја зголемите продуктивноста, туку ќе се подобри вашата концентрација како и способноста за работа. Работниот ден исто така нека ви биде тренинг за концентрација. По некое време ќе сфатите дека здодевноста не ви претставува голем проблем.
Следниот пат кога ќе ви стане здодевно на работа, немојте да се казнувате. Прифатете го тоа чувство како природно. Лесно е да се фрустрирате ако ви се одвлекува вниманието, но со овие совети вие ќе владеете со вашата здодевност, ќе ја промените и ќе ја претворите во алатка за подобрување на продуктивноста. Исто така ќе се чувствувате позадоволно на работното место.
Погледнете ги и овие совети за зголемување на вашата продуктивност.