Луди митови за бременоста во кои треба да престанете да верувате
Многу жени ја поминуваат својата бременост грижејќи се за компликации и болести наместо да уживаат во самото искуство. Грешните информации многу често ги спречуваат да уживаат во омилената храна, вежбањето и водењето нормален живот. Но, ова не мора да биде вака. Немојте да им верувате на грешните митови за бременоста обидувајќи се да останете здрави.
1. Не смеете да внесувате кофеин
Распространето е верувањето дека никако не смеете да внесувате кофеин додека сте бремени. Науката сè уште го нема потврдено овој факт. Според Американското здружение за бременост се препорачува само да го ограничите консумирањето кофеин на 200 милиграми дневно (околу 2 шолји кафе).
2. Не смеете да имате секс
Нема потреба да го запоставите сексуалниот живот додека сте бремени, се разбира, сè додека сте внимателни. Сексот нема да предизвика спонтан абортус или да го повреди вашето бебе. Нормално е да почувствувате намалена желба за секс на почетокот на бременоста, но кога желбата ќе се појави нема потреба да ја потиснувате.
3. Мора да јадете за двајца
Фразата „јадење за двајца“ звучи како да треба да јадете дупло повеќе во текот на бременоста за да останете здрави. Но вистината е далеку од ова. Важно е да се храните здраво и до некоја граница да ја зголемите вашата тежина, па хранливата вредност на храната е многу поважна од бројот на калории.
4. Не можете да патувате со авион
Сосем безбедно е да патувате со авион во текот на бременоста. Препорачливо е само да избегнувате мали, приватни авиони. Обично на жените им е дозволено да патуваат со авион и во поодмината бременост, освен ако нивниот лекар не ги спречи поради некоја причина.
5. Не смеете да се вакцинирате за грип
Вакцините за грип се сосем безбедни и за бремените жени. Всушност, грипот може да предизвика многу повеќе компликации кај бремени жени за разлика од другите. Научниците докажале дека вакцината за грип е безбедна и за жените кои очекуваат, па дури има и придобивки за вашето и за здравјето на бебето.
6. Не смеете да јадете риба
Сигурно имате слушнато дека рибата содржи жива која бремените жени не смеат да ја консумираат. Сепак, рибата е богата со протеини, железо и омега 3 масни киселини, а сите овие се потребни хранливи материи во текот на бременоста. Бремените жени треба само да избегнуваат сирова риба и одредени видови морска храна, како ајкула. Опциите како лосос и туна се сосема безбедни.
7. Не смеете да вежбате
Спротивно од она што веројатно сте го слушнале, вежбањето во текот на бременоста е сосема безбедно, па дури и охрабрувано. Вежбањето нема да предизвика компликации и е добро за вас сè додека не се напрегате премногу. Тоа е одличен начин да ја одржите вашата форма и кондиција.
Дали ги знаевте овие необични факти за бременоста?