Лубеница диета: Намалете 2 килограми за 5 дена

Лубеница диета: Намалете 2 килограми за 5 дена

Постојат повеќе диети во кои главна состојка е лубеницата. Сепак, петдневната детокс диета со ова овошје е најпопуларна и дава одлични резултати затоа што во исто време намалувате килограми и го чистите организмот.

lubenica-dieta-namalete-dva-kilogrami-za-5-denovi-kafepauza.mk

После 5 дена диета се прави пауза од 7 дена, а потоа може да се повтори по желба. За време на диетата, секој ден треба да пиете 8 чаши вода, чај или свежо исцеден сок.

ПРОГРАМА ЗА ПЕТДНЕВНА ДЕТОКС ДИЕТА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ОРГАНИЗМОТ

Секој ден ист појадок:

Парче лубеница и вашиот омилен утрински пијалак (кафе, чај и слично). Парчето лубеница треба да е од 300 до 350 грама.

Прв ден

Ручек:
  • 100 г варено говедско месо
  • 100 г варен ориз со сос од домати
  • парче лубеница
Вечера:
  • 50 г сирење
  • парче тост лепче

Втор ден

Ручек:
  • тост лепче
  • 50 г варени пилешки или мисиркини гради
  • парче лубеница
Вечера:
  • 100 г риба на скара
  • тост лепче
  • сезонска салата

Трет ден

Ручек:
  • 30 г шпагети со сирење и домати
  • парче лубеница
Вечера:
  • мешана салата од домати, краставици, пиперки, кромид и зелена салата
  • 50 г свежо сирење
  • парче лубеница

Четврти ден

Ручек:
  • супа од зеленчук
  • тост лепче
  • 50 г варено пилешко месо
  • парче лубеница
Вечера:
  • 2 варени компири со пармезан
  • сезонска салата
  • парче лубеница

Петти ден

Ручек:
  • 50 г варено говедско месо со шампињони
  • тост лепче
  • парче лубеница
Вечера:
  • 50 г свежо сирење
  • 2 тост лепчиња
  • парче лубеница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар