Лошиот ден не значи лош живот
Кога ќе го земете предвид притисокот да имате прекрасен живот каде што сè си е на своето место, лесно е да заборавите дека сепак, постојат и лошите денови.
Кога имаме лош ден, најчесто не знаеме како да се справиме со него. Вистината е дека сите имаме навистина ужасни денови, кога само сакаме да останеме дома и да го избегнеме надворешниот свет.
Секој човек понекогаш се жали, се нервира и само посакува денот да заврши што е можно побрзо. Понекогаш воопшто не препознавате дека и некој друг има лош ден и дека не сте само вие личноста на којашто ѝ се случуваат лоши работи.
Понекогаш сте под стрес, повредени или исцрпени, а другите патат во тишина зад нивната насмевка. Ги гледате пријателите кои изгледаат како да имаат совршен живот, па и вие го посакувате истото. Но, тревата во другиот двор не е секогаш позелена. Сите имаат причина да го замразат својот живот во одреден момент.
Сè зависи од енергијата околу вас и од она што го вложувате во себе. Тешкотиите со станувањето од кревет можат да бидат честа појава. Откажувањето на плановите за да си дадете време за себе може да ви изгледа навистина чудно Но сето ова се сосема нормални избори. Сите имаме вакви денови, без разлика дали станува збор за битка со менталното здравје или тежок ден на работа.
Доколку чувствувате неуспех во вашите лоши денови, тоа е сосема нормално. Сите имаат денови кога не се чувствуваат доволно добро. Неуспехот е целосно поврзан со овие лоши денови. Не треба секој ден да биде совршен, и тоа е сосема во ред. Ништо во животот не е замислено да биде совршено. А само затоа што сте имале лош ден, не значи дека имате и лош живот. Сè уште имате многу за коешто можете да биде благодарни. Помислете на здравјето, семејството и пријателите кои се со вас, помислете на сите среќни моменти и моралните вредности кои се всадени во вас.
Постојат толку многу благослови во вашиот живот, а вие само треба да ги препознаете и да се фокусирате на нив во моментите кога се сомневате во себе.
Животот е како вага. Понекогаш постои рамнотежа помеѓу добрите и лошите работи, но понекогаш едната страна е потешка. Но вие ќе продолжите да се движите напред, па затоа, немојте да бидете престроги кон себе.
Прочитајте ги и овие реченици што ќе ви дадат утеха во лошите денови.