Лоши навики кои ви ги влошуваат симптомите на анксиозност

Лоши навики кои ви ги влошуваат симптомите на анксиозност

Можеби не сте знаеле, но многу од секојдневните навики можат да ви ја влошат анксиозноста. Бидејќи никој не треба да се справува со премногу анксиозност, погледнете кои навики се лоши за вас и како да го подобрите квалитетот на вашиот живот.

1. Прескокнувате оброци

(1)loshi-naviki-koi-vi-gi-vloshuvaat-simptomite-na-anksioznost-kafepauza.mk

Кога не јадете нивото на гликоза во вашето тело се намалува, а ова предизвикува намалување на шеќерот. Анксиозноста е поврзана со ниското ниво на шеќер во крвта. Ако не можете да изедете цел појадок наутро, обидете се барем со едно парче овошје. Ова ќе ви биде доволно за енергија и ќе го спречи намалувањето на шеќерот.

2. Останувате дома

(2)loshi-naviki-koi-vi-gi-vloshuvaat-simptomite-na-anksioznost-kafepauza.mk

Недостатокот на природна светлина, намаленото движење и зависноста од технологија само ја влошуваат вашата анксиозност. Обидете се секој ден да излегувате од дома, барем на прошетка низ вашето маало, бидејќи вашата среќа може да зависи од оваа едноставна активност.

3. Постојано го проверувате телефонот

(3)loshi-naviki-koi-vi-gi-vloshuvaat-simptomite-na-anksioznost-kafepauza.mk

Технологијата ја има моќта да ве поврзе со секого во кое било време. Иако ова е добро, сепак си има и лоши страни. Стравот од пропуштен повик или порака ве тера постојано да бидете поврзани со Интернет, но ова не е добро за вас. Секој ден одвојувајте време кога нема да користите технологија. Особено е важно да го правите ова 1 час пред спиење.

4. Немате постојан распоред за спиење

(4)loshi-naviki-koi-vi-gi-vloshuvaat-simptomite-na-anksioznost-kafepauza.mk

Ако сте имале проблеми со спиењето поради стресот, тогаш ви е јасно дека двете работи се поврзани. Недостатокот на сон ја влошува вашата анксиозност и вам ви станува потешко да се справите со стресните ситуации. Ако не можете да заспиете, пробајте некои вежби за дишење. Ако овие вежби не работат за вас, немојте да лежите во креветот. Станете после 20-тина минути и правете нешто што ќе ве опушти.

5. Пиете премногу кафе

(5)loshi-naviki-koi-vi-gi-vloshuvaat-simptomite-na-anksioznost-kafepauza.mk

Кофеинот го забрзува вашето срце и го зголемува крвниот притисок. Премногу кофеин предизвикува симптоми слични на анксиозноста – брзо чукање на срцето, испотени дланки и плитко дишење. Ако вашите раце почнат да се тресат, тогаш сте претерале со овој пијалак. Обидете се да го ограничите пиењето кафе на една шолја дневно.

6. Зборувате негативно со себе

(6)loshi-naviki-koi-vi-gi-vloshuvaat-simptomite-na-anksioznost-kafepauza.mk

Кога ќе ви се случи нешто лошо, каква е вашата реакција? Најверојатно се обвинувате дури и за работи кои не се во ваша контрола. Доколку го правите ова, време е за промена. Негативното зборување со себе ќе ја уништи вашата самодоверба, ќе го зголеми стресот и ќе ја отвори вратата кон посериозните симптоми на анксиозност. Позитивното мислење ќе ви помогне посвесно да им пристапите на негативните ситуации и ќе го намали стресот во вашиот живот.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар