Љубовта на тв екраните: Што научивме од најубавите тв парови?

Љубовта на ТВ екраните: Што научивме од најубавите ТВ парови?

Иако реалноста е многу поинаква од светот на телевизијата, сепак има некои работи кои можеме да ги научиме од ТВ сериите. На пример, Кери Бредшо во вистинскиот живот никогаш немаше да може да си дозволи толку голем апартман во центарот на Њујорк, нити да ја одржува нејзината колекција од дизајнерски обувки. Но, можеме да научиме нешто од нејзините грешки и како изгледа вистинската љубов.

1-ljubovta-na-tv-ekranite-sto-naucivme-od-najubavitetv-parovi-kafepauza.mk

1. Љубовта е најслатка кога е помеѓу најдобри пријатели

Личноста која најмногу ве познава и со која сте поминале низ сито и решето, на крајот да ви стане животен партнер е дефинитивно најубавата комбинација која постои. Па така никој не претпостави дека малата хемија и привлечноста помеѓу Моника и Чендлер од „Пријатели“ ќе прерасне во една од најубавите љубовни приказни на нашите ТВ екрани.

2. Некогаш љубовта ќе ви влепи шамар, а вие нема ни да почувствувате

Љубовта е секогаш таму каде што не ја очекуваме. Доаѓа спонтано и природно, без никакви присилби. Така Елена од „Вампирските дневници“ вети дека засекогаш ќе го мрази Дејмон, но со текот на времето сфати дека оној кој ја предизвикуваше е всушност нејзината вистинска љубов. А огромната омраза помеѓу Хајд и Џеки во „Луди 70-ти“ премина во љубов која никој не ја очекуваше.

3. Љубовта секогаш ќе најде начин да успее

Без разлика на сите пречки со кои се соочуваме, вистинската љубов секогаш ќе најде начин да успее. Кери и Фацата конечно го добиваат нивниот среќен крај во ТВ серијата „Сексот и градот“ и покрај сите проблеми со кои 10 години се соочуваа, мора да ги споменеме и Тед и Робин од „Како ја запознав мајка ви“ и Снежана и Принцот од „Си биле еднаш“.

2-ljubovta-na-tv-ekranite-sto-naucivme-od-najubavitetv-parovi-kafepauza.mk

4. Паузите не се секогаш најдобра идеја

За жал, паузите најчесто водат до раскинување на целата врска. Совршен пример е кога Рос од „Пријатели“, во текот на паузата спиеше со атрактивната девојка од печатницата. Тоа целосно ја уништи неговата врска со Рејчел. Во „Беверли Хилс 90210“, паузата која ја бара Бренда е тоа што го води Дилан во креветот на Кели.

5. На лагата ѝ се кратки нозете

Една од најважните работи за љубовта која можеме да ја научиме од нашите омилени ТВ парови е дефинитивно фактот дека на лагата ѝ се кратки нозете. Почнувајќи од „Декстер“ кога Декстер ја лаже Рита за неговиот идентитет и кога таа ќе ја дознае вистината одлучува да го напушти, па до Волтер Вајт од „Breaking Bad“ кој крие од Скајлер како го поминува неговото слободно време, а тоа води до нивно разделување. Дури ни Дон Дрејпер од „Mad men“ не успева да го спаси својот брак откако неговата жена дознава за неговите многубројни афери.

6. Не се врти сѐ околу романсата

Многу телевизиски парови ни покажаа колку е романтична љубовта (Маршал и Лили од „Како ја запознав мајка ви“, Ленард и Пени од „Теоријата за Биг Бенг“), но многу од нив исто ни покажаа дека сите парови се караат и имаат тешки моменти. Таков пример се Чак и Блер од „Озборувачка“ кој пред да го добијат нивниот крај од приказните, се соочуваат со разни предизвици кои со секое надминување стануваат сѐ посилни и посилни.

3-ljubovta-na-tv-ekranite-sto-naucivme-od-najubavitetv-parovi-kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

  1. elle Reply

    Чак и Блер се пример за токсична врска. Ја трампаше за хотелот на чичко му а она за тоа требаше да му биде една вечер конкубина на Џек. Каков совршен пример *сарказам*

Остави коментар