Љубовта како лек

Љубовта како лек

Кој не сака да биде заљубен, да има пеперутки во стомакот и да се чувствува непобедливо? Вистинската личност ќе ги слуша вашите негодувања, ќе ви го остави последното парче пица и ќе даде сè од себе за да се чувствувате посебно, сакано и среќно. Научниците работеа напорно со години за да го докажат позитивното влијание на љубовта врз здравјето – сите сме слушнале за истражувањата кои покажуваат дека луѓето во среќен брак живеат подолго од просекот.

Љубовта како лек

Научниците може со сигурност да потврдат дека романтиката е главниот адут што нè одржува здрави, но тие велат дека сексот, грижата и поврзаноста нè прават посилни, а позитивното влијание е очигледно почнувајќи од побрзо заздравување до подобра контрола на хроничните заболувања. Ова не треба да нè изненадува, со оглед на тоа колку љубовта е силна емоција. Иако има свои подеми и падови и не е секогаш бајка, од медицинска гледна точка, љубовта и тоа како се исплаќа.

Помош во борбата против ракот

Истражувачите од Универзитетот во Ајова откриле дека жените со рак на матката кои имаат силна поврзаност со семејството и се во стабилна врска имаат и поактивен „природен заштитник“ кој е поуспешен во борбата против клетките на ракот од оние кои немаат такви социјални врски.

Подобрена концентрација

Партнерот кој ве сака и ве почитува ве поттикнува да дадете сè од себе на деловен план затоа што не сте оптоварени со тоа што чувствува тој за вас. Поради тоа, можете полесно да се сконцентрирате, а тоа ја подобрува вашата ефикасност. Исто така, докажано е дека среќата влијае на креативноста – колку што сте посреќни, толку сте покреативни.

Љубовта го чува вашето срце

Мозокот се активира повеќе кога разговарате со некој што го сметате за привлечен, така што срцето може да чука до трипати побрзо од вообичаеното. Како резултат на тоа, постои вишок крв што оди во другите делови на телото, особено во образите и во гениталините органи, па поради тоа чувствувате пеперутки во стомакот. Истражувањето спроведено на Универзитетот во Јужна Каролина докажа дека паровите кои поминуваат време во близок физички контакт, како што се гушкањето и разговарањето, имаат повисоко ниво на хормонот окситоцин – хормонот на љубовта.

Збогум на холестеролот

Можеби звучи чудно, но ако верувате во истражувањето објавено во 2007 година во „Human Communication Research“, дури и само запишувањето на љубовните чувства може да го намали нивото на холестерол. Не мора да ги запишувате само чувствата кон партнерот – вашиот холестерол ќе го намали и љубовта кон родителите, кон пријателите, кон роднините…

Го зајакнува имунитетот и ја намалува болката

Кога сте среќно заљубени, вашиот имунитет се зајакнува – вие сте многу помирни и посреќни и на тој начин сте помалку подложни на вируси и бактерии, а поради зголеменото лачење на хормонот на среќата, ендорфинот, љубовта дејствува како аналгетик. Негативните чувства и депресијата, пак, можат да нè направат чувствителни на грип и настинка, а исто така ги зголемуваат и шансите за проблеми со желудникот.

Вечно млади

Љубовта го поттикнува лачењето на ДХЕА-хормонот, кој е заслужен за тоа што се чувствувате млади и витални. Во Институтот во Калифорнија „HeartMath“, истражувачите направиле истражување на физиолошката врска помеѓу емоциите и телото за да развијат специјална вежба која им овозможува на луѓето да „чувствуваат“ љубов кога што ќе посакаат. Испитаниците кои ги користеле тие вежби, по 9 месеци имале зголемено лачење на ДХЕА-хормонот за 90%.

Редовни циклуси

Менструалниот циклус зависи од различни фактори како што се здравјето на вашето тело и вашата исхрана, а стресот е исто така многу важен фактор. Жените во долги врски имаат помала веројатност да бидат изложени на стрес и затоа имаат редовни циклуси и помалку страдаат од предменструални симптоми.

Можеби сакате да прочитате и како да имате успешна врска ако вие сте екстроверт, а партнерот интроверт?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар