Љубовта го гаси мозокот
Кога пријателите некому ќе кажат: „Таа/тој не е за тебе“, овој совет по правило се игнорира, но не поради тврдоглавоста на вљубениот, туку едноставно во моментот толку може да разбере. Причината лежи во тоа што љубовта успева да го изгаси мозокот.Едно истражување кое опфаќало скенирање на мозокот покажало дека кога личноста која ни се допаѓа е во наша близина, целосно се деактивира делот од мозокот кој е одговорен за расудување и критичко размислување. Расте нивото на допаминот, состојката во мозокот која предизвикува еуфорија и задоволство, а слабее активноста на деловите кои ги контролираат стравот и другите негативни емоции.
Според истражувачите, причината за ваквата појава е тоа што кога сме во близина на некој што ни се допаѓа ја препознаваме можноста за репродукција. Тоа значи дека носењето разумни одлуки, на пример на работа, се одвива сосема нормално, но ако ни се приближи личноста во која сме вљубени, дел од мозокот се гаси и тоа повеќе не важи.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
потполно се согласувам !!!