Љубовта е многу повеќе од бакнежи и секс…
Да се биде заљубен е многу повеќе од споделување на истиот кревет, чување куче и објавување заеднички селфиња. Ова чувство ги опфаќа сите добри, но и лоши моменти што ве зближуваат и ве прават посилни како пар, дури и ако тогаш не го забележувате тоа. Па што точно е љубовта?
Љубовта е кога имате лошо чувство во стомакот бидејќи тие доцнат од работа, а вие се плашите дека направиле сообраќајка. Љубовта е да бидете исто толку нервозни како и нив пред говор во јавност, бидејќи се чувствувате како телата да ви се поврзани.
Љубовта значи да им викате кога ќе направат нешто глупаво, бидејќи не можете ни да замислите што би се случило доколку морате да живеете без нив. Љубовта е кога цела вечер се превртувате во кревет затоа што тие патуваат, а не можете да спиете без чувството на нивното тело покрај вас.
Љубов е кога ги прашувате детали за нивниот ден и се обидувате да ги запомните имињата на нивните колеги и на шефот, и на шефот на нивниот шеф, за да можете да ги следите приказните. Љубов е и кога поминувате часови, денови, недели во онлајн шопинг, бидејќи сакате да го одберете совршениот роденденски подарок.
Љубовта значи да им се јавите од паркинг на ресторан, бидејќи знаете дека не можете да се вратите дома без да купите нешто и за нив. Љубовта е и проверување на бемката на нивниот грб и помошта во донесувањето одлука дали да се посети доктор или не.
Љубовта значи да се чувствувате како да сте пропуштиле многу од некоја серија, бидејќи чекате да ја гледате заедно со вашите сакани кои пак, не успеале да најдат слободно време периодов. Љубовта е будење од аларм што одекнува пред вашето време за станување, бидејќи тие го почнуваат својот ден пред вас и сакате да бидете со нив, будни, пред да заминат на работа.
Љубовта ве тера да се отворите за вашите проблеми, дури и кога сте имале лош ден и не сакате да зборувате за тоа. Љубовта е и кога одлучувате да не пиете, бидејќи веќе сте испиле едно пиво, а треба да бидете одговорни таа вечер.
Љубовта значи да ја платите сметката во ресторанот, бидејќи тие платиле за вас претходнит пат и се обидувате да бидете што е можно порамноправни. Љубовта е и кога се гледате со нивните фамилии за празниците без жалби, иако на тој начин пропуштате да се видите со вашите.
Љубовта е кога ги потсетувате да купат подарок за нивните мајки или чоколади за внуците, иако тие треба да мислат на тоа. Љубовта значи и да го одржувате вашиот глас смирен, а зборовите нежни, дури и кога сте полути од самиот ѓавол, бидејќи не сакате да кажете нешто што може да ги повреди.
Љубовта значи одвреме-навреме да ја одбиете поканата за излегување на вашите пријатели бидејќи веќе сте ветиле некому дека вечерта ќе гледате заедно филм. Љубовта значи и да им помогнете со перење на автомобилот, иако надвор има повеќе од 50 степени или помалку од -20.
Љубов е кога не се предавате на желбата да го изедете последното парче од нивното чоколадо, бидејќи знаете дека го чувале. Љубовта исто така значи и да се биде тим!
И најважно од сè, љубовта значи дека сте токму онаму каде што треба да бидете…
Прочитајте ја и оваа индијанска поука за тајната на вечната љубов!