Љубовните правила на милениумците
Иако милениумците се генерација предодредена да има сè, изгледа дека им оди потешко кога станува збор за љубовта. Бидејќи не се сигурни кој е вистинскиот избор за нив, многу често остануваат сингл. Милениумците се водат по неколку правила со цел да се заштитат од емотивни кризи и да го избегнат скршеното срце. Погледнете кои.
1. Несериозни врски
За да се заштитат од разочарувања, милениумците често се убедуваат дека нивната врска не е сериозна. Немаат никакви високи очекувања, бидејќи сметаат дека така поретко ќе бидат изневерени. На почетокот му даваат до знаење на партнерот дека не сакаат ништо сериозно, но после некое време конечно се вљубуваат.
2. Сакаат точно да знаат на што се
Бидејќи поголемиот дел од комуникацијата се одвива онлајн преку пораки, можно е да настанат многу недоразбирања. Поради ова, кога врската ќе стане сериозна, тие инсистираат на отворен разговор бидејќи не сакаат изненадувања.
3. Ја ценат нивната независност
Милениумците се генерација на која најважна ѝ е независноста во секој дел од животот. Воопшто не сакаат некој да им се меша во донесувањето одлуки, а уште помалку сакаат да зависат од партнерот. Па едно од основните правила во врските им е дека нивниот партнер мора да ја почитува нивната независност.
4. Сакаат предизвик
И покрај тоа што сакаат рамноправен однос во врската, на милениумците им е потребен и предизвик. Важно им е покрај нив да имаат партнер што може да ги предизвика и ментално и физички. На овој начин сексуалната и вербалната тензија помеѓу нив постојано ќе постои.
5. Најважна во врската е рамноправноста
Милениумците сметаат дека и двајцата партнери мораат да бидат рамноправни во љубовта, обврските, финансиите, донесувањето важни одлуки… Единствено на овој начин можат да се мотивираат за напредок и да се поддржуваат. За милениумците, рамноправноста е синоним за успешна врска.
Знаевте ли дека милениумците повеќе сакаат да се сингл отколку во врска.