Љубовни совети од терапевти што ќе ви помогнат да ја најдете вашата сродна душа
Многу луѓе бараат помош од терапевт кога им е скршено срцето или кога имаат проблеми во врската. Но, терапевтите знаат и како да ја пронајдете вашата сродна душа. Иако нема совршена формула за наоѓање на вистинската љубов, постојат некои работи што ќе ве подготват за неа. Доколку се прашувате како и кога ќе бидете подготвени да ја сретнете вашата сродна душа, следете ги советите на терапевтите.
1. Познавајте се себеси
Кога барате партнер, треба добро да знаете кои сте. Односно, треба да биде свесни за вашите слабости и недостатоци, но и за вашите таленти и дарови. Ако можете да му кажете на партнерот што сакате и ако можете да ги признаете вашите недостатоци, ќе имате пореални очекувања и врската најверојатно ќе успее.
Кога добро знаете каква личност сте и што можете да му понудите на партнерот, вие сте подготвени за сериозна врска. Голема улога во вашата самодоверба има и тоа што знаете дека е во ред да не бидете совршени. Доколку не сте сигурни за овие нешта, обидете се да запишете што сакате кај себе, а што би сакале да подобрите.
2. Земете ги предвид намерите на партнерот
Кога ќе дознаете повеќе за Теоријата за приврзаност, ќе можете да ги идентификувате стиловите на приврзаност кај себе и кај потенцијалните партнери. Според оваа теорија постојат 3 видови приврзаност – сигурна, анксиозна и избегнувачка. Ако сакате љубов што трае, најдете некој способен за сигурна приврзаност, односно личност која не е во постојана потрага на следната врска.
Знаците кои укажуваат на сигурна приврзаност се запознавање со пријателите и семејството на партнерот, покажување внимание, разговарање за заедничката иднина и слично. Важно е двајцата партнери да бидат во врска бидејќи се сакаат и се ценат еден со друг. Ако еден од партнерите е во врска бидејќи не сака да биде сам, тогаш не станува збор за сигурна приврзаност.
3. Држете го умот отворен
Доколку сте подготвени за љубов, бидете отворени кон нови можности. Оваа желба може да изгледа различно за секого. Некои веруваат во љубовта и знаат дека вистинскиот партнер ќе се појави во секој момент. Други постојано излегуваат и користат апликации за состанување. А некои пак ги покажуваат одликите што сакаат да ги видат кај партнерот. На овој начин ќе бидете посвесни за луѓето кои влегуваат во вашиот живот и ќе знаете со кој ќе сакате да поминете повеќе време.
4. Вклучете се во нешта што ги сакате
Најважното нешто за луѓето кои бараат љубов е да се осигурат дека уживаат во нивните животи, така што ќе можат да сретнат други луѓе кои уживаат во истите нешта. Доколку сте заинтересирани за онлајн состанување, бидете активни таму. Потребно е да се покажете за да сретнете нови луѓе.
Ако не сакате апликации за состанување, не мора да ги користите. Можете да излегувате во дискотеки, кафетерии или каде било со вашите пријатели со цел да запознаете некој нов.
5. Прифатете дека состанувањето е процес
За да најдете љубов, потребно е да се состанувате. Кај состанувањето најважно е искуството, а не дестинацијата. Вашата цел не е само да најдете партнер, туку да најдете партнер што ги задоволува вашите потреби. Партнер кој има слични цели како вашите и кој ќе ви ја зголеми самодовербата. Тешко е да бидете подготвени за сериозна врска, а да треба да се состанувате и да видите за кои луѓе сте заинтересирани. Верувајте во себе и она што имате да го понудите во врската, па наскоро ќе најдете личност која верува во истото.
Погледнете ги и знаците кои покажуваат дека вашата сродна душа наскоро ќе се појави во вашиот живот.