Љубовни совети од 1938 година: Како да го/ја заведете и задржите крај себе?

Љубовни совети од 1938 година: Како да го/ја заведете и задржите крај себе?

Бракот сè уште е една од најголемите цели во љубовниот живот на повеќето мажи и жени на планетата Земја. Но, денешните млади генерации сè почесто заглавуваат уште на првиот чекор, односно на првите љубовни состаноци. Според експертите за односи меѓу луѓето, проблемот лежи во првиот впечаток, односно во фактот што многумина сакајќи да се претстават во најдобро светло, прават големи грешки и го предизвикуваат спротивниот ефект. Токму затоа и решивме да се вратиме наназад, во златното време за состанување, и да се обидеме да научиме нешто од тие генерации.

1. Не бидете пречувствителни и немојте да влијаете на нивните чувства. Тоа значи дека не треба да ги терате да ви кажат нешто што не сакаат. Исто така имајте на ум дека никој не сака солзи, особено не во јавноста.

2. Не користете го ретровизорот за поправање на шминката. На секој шофер му е потребен за возење, бидејќи многу е непријатно кога мора да се вртите зад себе за да проверите дали има друг автомобил.

3. Немојте да седите во непријатна позиција и никогаш не дозволувајте да изгледате како да ви е здодевно. Дури и ако умирате од досада. Бидете расположени за сè, а ако мора да џвакате мастика, правете го тоа со затворена уста.

4. Носете свои марамчиња. Ако ја искористите неговата, можете да ѝ направите флеки со пудрата, маскарата или карминот.

5. Кога танцувате заедно, не се обидувајте да разговарате. Едноставно опуштете го телото и движете се покрај вашиот партнер.

6. Секогаш носете градник, и внимавајте да не одберете преголем број хулахопки – така тие ќе се насоберат и нема да изгледаат убаво на вашите нозе.

7. Не го галете вашиот партнер во јавност. Секој отворен знак за љубов се смета за непристоен, особено кај личноста од другата страна.

8. Не почнувајте разговор за тема на кој тој/таа нема никакво познавање. Обидете се да најдете нешто што и двајцата ве интересира и фокусирајте се на тоа.

9. Внимавајте да не претерате со алкохолот. Бидете достоинствени во текот на целата вечер, бидејќи ако се онесвестите пред него/неа, можете веднаш да заборавите на нивното постоење. Да не го спомнуваме и фактот дека ако не го/ја познавате доволно добро, не можете да знаете дали ќе бидете безбедни крај нив.

Веќе сте нашле посебна личност? Прочитајте ги и овие 8 очигледни знаци дека водите здрава љубовна врска!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар