Љубовни правила кои мора да ги почитувате во 2016 година
Нова година, нов почеток, нови љубовни правила. Сега кога веќе зачекоривме во новата година, време е да ги отфрлиме старите лоши навики и да свртиме нов лист. Затоа прочитајте до кои правила треба да се придржувате во 2016 година со цел да бидете посреќни во љубовта.
Конечно расчистете со бившиот дечко
Оној за кој сѐ уште верувате дека е вистинскиот за вас, но со кој и понатаму не успевате да ги решите проблемите поради кои повеќе не сте заедно. Така никогаш нема да тргнете напред.
Престанете да фантазирате за некој кој не ве забележува
Тој не губи време да размислува за вас, па зошто вие би го губеле вашето време за него?
Ослободете се од лошиот дечко
Оној што лаже, изневерува или е типичен емоционален и физички злоставувач. Верувајте, тој никогаш нема да се промени, а сите блесоци на подобро се само привремени.
Дајте му до знаење дека ви се допаѓа
Ако подолго време имате некој кој ви се допаѓа, а не сте сигурни дека и тој го чувствува истото, јавете му се и дознајте. Секако, не морате да сте директни, но ако и тој размислува исто, ќе му помогнете да го направи првиот чекор.
Дајте му шанса на некој различен
Овој пат обидете се да му дадете можност на некој кој мислите дека не е ваш тип, бидејќи никогаш не се знае. Можете пријатно да се изненадите.
Заборавете ги авантурите
Се гледате веќе неколку месеци, но тој всушност не знае ништо за вас и не се обидува ни да дознае. Во новата година заборавете ги доцните повици за секс. Иако знаеме дека се надевате, тој нема да се промени и за него вие сте само авантура.