Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови

Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови

Многу работи во животот можат да нè поучат на нешто. Исклучок не се романтичните филмови. Можеби во многу од нив ќе препознаеме плиткости или клише сцени, сепак, од нив можеме и да извлечеме поуки и лекции. Еве на што нè учат некои од нив.

Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови

Sex and The City: Научете да се сакате себеси

Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови Откако Кери беше оставена пред олтарот, таа доби време за себе. Си го реновираше станот, стекна нови пријателства, дури проба и нов имиџ. Не потценувајте го статусот сингл! Секоја девојка мора да научи да се сака себеси и да го цени времето кое го има за себе, а не да биде зависна од некој покрај себе. Понекогаш токму она што ни треба е да бидеме сами. Имаме време да размислиме за себе, за својот живот и за тоа што точно сакаме од него. Потоа зрело можеме да влеземе во врска со многу повеќе сигурност и самодоверба.

What’s your Number?: Вистинскиот е во вашата иднина, не во вашето минато

Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови Али ја отвори својата „црна книга“ и почна да ги прелистува врските од минатото. Лекцијата од овој филм е да не го правите тоа! Преиспитувањето на грешките и случките од минатото не може да донесе добро за сегашноста или иднината. Дури и кога ќе пробате да обновите врска од минатото, по извесен период ќе ви стане јасно зошто еднаш таа врска завршила. Вистинскиот не е во минатото, него ќе го најдете во новите искуства и времето што допрва доаѓа.

Crazy, Stupid, Love: Никогаш не дозволувајте искрата да згасне

Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови

Кога бракот на Емили и Кал се распадна, Кал не се откажа. По времето поминато во жалење и напор да го преболи распаднатиот брак, тој се врати во игра откако сфати дека вреди да се бори. Најважно е да се оживее искрата која на некој начин згаснала со тек на време. Она што Кал го направи е повторно организирање на „прв“ состанок. Почувствувајте се како да сте на самиот почеток и „разработете ги“ пеперутките во стомакот. Повторно почувствувајте возбуда и желба еден за друг. Пробајте повторно да ги оживеете најубавите моменти од минатото.

Ruby Sparks: Прифатете ги луѓето такви какви што се

Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови Младиот писател во овој филм има прекрасна девојка покрај себе. Но, кога работите ќе тргнат надолу тој пробува да го направи нејзиниот карактер по негова „мерка“. Наместо да пробуваме да ги промениме луѓето, треба да ги прифатиме како несовршени и да ги исправиме грешките во реалниот живот, наместо во нашата фантазија. Вистинскиот живот носи реални проблеми и луѓе кои се природни и несовршени. Со нив не можеме да манипулираме, само треба да пробаме да ги прифатиме такви какви што се необидувајќи се да ги промениме.

Breakfast at Tiffany’s: Срушете ги ѕидовите и ќе ја најдете љубовта

Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови

Секој бил повреден и разочаран. Тоа неретко ги поттикнува луѓето да изградат ѕид околу себе, пробувајќи да се заштитат од повторно кршење на срцето. Работата е во тоа што ако го изградите тој ѕид и го направите непробивлив, вистинската љубов никогаш нема да допре до вас. Во ред е некогаш да ги срушите ѕидовите и да се изложите себеси, макар биле и повредени на крај. Она што мора да го направите е да пробате и да знаете да се носите со што и да се случи во иднина.

Hitch: Во ред е да побарате помош од страна

Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови Секако дека треба да се грижите за својата приватност и да не се изложувате себеси и својата интима. Но, на сите понекогаш ни е потребна помош. Постојат луѓе кои навистина би ви помогнале доколку се одлучите за професионална помош. Во овој случај, станува збор за докторот за љубов, Вил Смит. Филмот не само што ќе ве насмее, туку ќе ве научи дека некогаш е добро да се осврнете кон некој кој ја гледа ситуацијата однадвор и може да ви понуди јасна преспектива за работите.

The Notebook: Само затоа што не е љубов на прв поглед, не значи дека не би било ништо во иднина

Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови Всушност, дали постои љубов на прв поглед? Нели љубовта настапува откако ќе ја запознаете личноста и ќе се осигурате дека може да се носите со нејзините маани? Али првиот пат го одби Ноа, без воопшто да помисли дека тој во иднина би бил нејзината голема љубов. Но, погодете што? Вреди да им се даде шанса на луѓето без предвреме да бидат осудувани. Којзнае што носи иднината?

The Ugly Truth: Најдете некој кој ќе ве сака такви какви што сте

Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови Едно е да сакате да бидете средени и убави, но сосема друго е да се трудите да бидете нешто што не сте, сè со цел да исполните нечија фантазија. Извештачувањето на својот карактер може да биде навистина исцрпувачко, а и таа игра со маски кога-тогаш ќе заврши. Најудобен и најсреќен живот ќе живеете покрај некој кој ве прифатил такви какви што сте.

Love Actually: Љубовта нема рок на траење

Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови Овој филм нагласува дека љубовта нема рок на траење и временски граници. Може да се случи секогаш, во секое време или место и на секоја возраст. Само треба да верувате и себеси да си дадете шанса за да ја искусите. Никогаш не знаете кога ќе ја сретнете вашата голема љубов.

He’s Just Not That Into You: Љубовта може да ви биде пред нос и да не ја видите

Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови Со љубовта никогаш не се знае. Можеби тој кој цело време бил пред вашиот нос, можеби пријател со кого се дружите со години, е вистинскиот за вас. Едноставно никогаш не се знае.

Bridesmaids: Цени се себеси

Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови Врската со лошо момче носи возбуда и адреналин. Но ако некој не ве цени доволно, зошто би дозволиле да бидете потценети? Крајно време е да ја завршите врската со некој кој ве  прави да се чувствувате лошо. Зошто би дозволиле да бидете искористувани? Зошто би преценувале некој кој воопшто не ве цени вас?

The Five-Year Engagement: Не откажувате се од нешто што навистина го сакате

Љубовни поуки од најпознатите романтични филмови Вајолет и Том имаат прекрасна врска која се одлучуваат да ја крунисаат со брак. По нивната свршувачка, тие ја одложуваат свадбата пробувајќи да доведат некој ред и да си ги средат работите. Тогаш нештата се влошуваат и тие се разделуваат. Сепак, како што времето поминува, тие сфаќаат дека се еден за друг. Да, нештата можат да бидат прилично лоши понекогаш, но целата работа со љубовта е тоа што треба заедно да се пребродат лошите моменти.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар