Љубовна Библија: 20 правила кои гарантираат цврста и среќна љубовна врска

Љубовна Библија: 20 правила кои гарантираат цврста и среќна љубовна врска

Доколку сакате односот помеѓу вас и вашиот партнер да биде колку што е можно посовршен и најважно од сè, да трае засекогаш, тогаш погледнете ги следниве 20 љубовни правила кои ни ги препорачуваат најсреќните парови и кои гарантираат засилување на вашата врска…

Љубовна Библија: 20 правила кои гарантираат цврста и среќна љубовна врска

1. Никогаш не заборавајте да го прашате вашиот партнер како му поминал денот. Тоа ќе му/ѝ покаже дека навистина се грижите за него/неа.

2. Караниците понекогаш се само караници. Тие не мора да бидат причина за појава на сериозни проблеми или пак, нужно да водат до крај на врската.

3. Секоја врска доаѓа со обврски. Понекогаш нема да уживате во оние нешта во кои ужива тој или таа, но вреди да истрпите доколку тие навистина ги прават среќни.

4. Бидете отворени и искрени за оние нешта кои едноставно не сакате да ги правите. Исто како и за оние кои со целото срце би сакале да ги направите. Искреноста е една од најважните нешта во врската.

5. Малите изненадувања можат многу да му значат на вашиот партнер. Особено ако е нешто што самите сте се потрудиле да го направите…

6. Не форсирајте дружби кои не се пријатни и за двете страни. Без разлика колку добро си поминувате вие во присуството на одредена личност, доколку тоа не му/ѝ се допаѓа и нему/неа, немојте да ги терате со сила да доаѓаат.

7. Не заборавајте да го/ја бакнете кога излегувате од домот. Или пак, кога се разделувате.

8. Понекогаш треба да ги откажете договорените обврски со цел да поминете повеќе време заедно. Особено доколку вашиот партнер навистина има потреба од вашето присуство.

9. Почитувајте го неговото или нејзиното семејство исто како да е ваше. Бидејќи еден ден, од каде знаете, можеби и тие ќе станат дел од вашата фамилија.

10. Кажете „те сакам“ секогаш кога тоа ќе ви падне на ум. Никогаш не можете да претерате со овие зборови.

11. Бакнувајте се колку што е можно повеќе. Бакнежите се најдобриот начин да ја зголемите интимноста и близината помеѓу вас.

12. Понекогаш преземајте ги неговите/нејзините обврски во домот. Особено ако тие се уморни и премногу зафатени со работа.

13. Не правите навредливи шеги на негова или нејзина сметка. Особено кога сте во близина на други луѓе. Почитувајте се.

14. Секогаш доаѓајте на време. Најголемиот број караници помеѓу партнерите настануваат токму поради доцнењето.

15. Застанете во негова/нејзина одбрана кога се зборува лошо за него/неа. Вие сте нивна половина.

16. Секогаш правете заеднички договори. Особено кога станува збор за работи кои имаат потенцијал да влијаат врз начинот на вашето живеење.

17. Не заборавајте да одговарате на пропуштените повици од него/неа. Не мора во истиот момент, доколку сте зафатени, но обидувајте се да не ги заборавате.

18. Не се карајте додека сте на одмор. Искористете ги овие прекрасни моменти за позитивни искуства.

19. Не заборавајте на спонтаноста. Би се изненадиле каде сè таа не би можела да ве одведе.

20. Љубете безусловно. Понекогаш, доколку вистинската личност е покрај вас, тоа е едно од наједноставните нешта кои можете да ги направите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар