Претходно
Љубовен мињон: Изненадете ја саканата личност со вкусен десерт
Доколку немате идеја за Денот на вљубените, овие колачи се совршениот подарок
Потребни состојки:
- 3 јајца
- 2-3 капки екстракт од ванила
- 100 грама просеано брашно
- 40 грама растопен путер или маргарин
Начин на подготовка:
- Во мал сад изматете ги јајцата и шеќерот. Потоа ставете ги над сад со вода и гответе на пареа.
- Мешајте постојано додека смесата не стане густа и додека не се загрее.
- Тргнете ја смесата од шпоретот, додајте го екстрактот од ванила и мешајте додека не се излади.
- Кога ќе се излади, постепено додавајте го просеаното брашно, а на крај додајте го и маргаринот или путерот.
- Подготвената смеса ставете ја во тава за печење (најдобро со димензии 30х30) обложена со хартија за печење. Распоредете ја рамномерно и печете ја во рерна загреана на 180 степени, околу 20 минути.
- Извадете ја тавата од рерната и оставете го тестото да се излади 10-тина минути. Потоа отстранете ја хартијата за печење и оставете го да се излади целосно.
- Со калап можете да направите форми по ваша желба или да го исечете тестото на коцки или правоаголници, па да го филувате по желба.
Тестото употребете го веднаш, или ставете го во најлонска фолија и чувајте го во фрижидер до 2 месеца.
Пробајте ги и овие вкусни десерти за Денот на вљубените.