Љубов, разум и раскинување: Разликата помеѓу откажувањето и знаењето кога е доста

Љубов, разум и раскинување: Разликата помеѓу откажувањето и знаењето кога е доста

Понекогаш, доколку направиме нешто што не е по волјата на нашите најсакани, на нашите партнери или на некој начин успееме да ги повредиме, тогаш ќе бидеме наречени ладнокрвни и нечувствителни. Но, тие термини не се секогаш заслужени. Иако раскинувањата неретко знаат да бидат вистинско изненадување за семејството и пријателите, тоа никогаш не е случај со двајцата во врската.

Љубов, разум и раскинување: Разликата помеѓу откажувањето и знаењето кога е доста

Всушност, одлуката и помирувањето со раскинувањето е процес кој може да трае со недели, па дури и со месеци. И додека одлуката за да се разделите бара време, важно е да препознаете дали давате некаков напор за да се смирите и дали воопшто го сакате тоа. На крајот, сѐ се должи на вашата и на неговата/нејзината одлука.

Откажувањето значи дека не сакате да се обидете. Дури и ако постои можност работите да се подобрат и проблемот да се реши и двајцата да се промените и да имате среќна, функционална врска. Вие едноставно повеќе не сакате да бидете со нив, па нема никаква поента да се обидувате да го сторите тоа и да го поправите односот.

Знаењето дека веќе е доста значи дека сте вложиле сѐ од себе за да ги вратите работите онака како што биле на почетокот. Сте разговарале, сте побарале помош и сте ја направиле секоја ситница со која сте мислеле дека ќе ја подобрите врската.

Секој принцип е истовремено и правилен и погрешен и говори многу за тоа колку важност ставате на врската. Самото тоа треба да биде доволен показател колку време треба да инвестирате во поправањето на работите или заминувањето и пронаоѓањето среќа додека сте сами. И додека ниеден избор не е погрешен, сепак тој е само ваш.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар