Како да изгубите страсна девојка што го живее животот со полни гради?

Како да изгубите страсна девојка што го живее животот со полни гради?

Страсните девојки не сакаат да се помират со просечна љубов. Тие сакаат да ја пронајдат вистинската. Сакаат да се бакнуваат на дожд, и да зборуваат до раните утрински часови под ѕвездено небо, покриени со ќебе. Тие сакаат да се чувствуваат живи кога се со нивниот сакан. Тие сакаат да се чувствуваат како да се на вистинското место.

Страсните девојки сакаат да ги задоволуваат луѓето околу себе. Тие напредуваат кога се изложени на емоции. Сакаат да ве видат со насмевка на усните и возбуда во очите, па би направиле сè за да го постигнат тоа. Тие сакаат да знаат дека се единствените што создаваат еден куп пеперутки во вашиот стомак и што ви го забрзуваат срцебиењето.

Страсните девојки не сакаат да бидат игнорирани. Тие обожаваат внимание. Тие обожаваат да поминуваат квалитетно време со личноста за која се грижат. Вие дури и ништо да не правите кога сте заедно, само да се допирате со нозете додека гледате телевизија, за нив ќе биде најдоброто време поминато со саканиот.

Од друга страна пак, може да бидете на најромантичната плажа во светот, опкружени со убавина, но ако постојано гледате во мобилниот наместо во нивните очи, тие ќе бидат претерано разочарани. Нив не ги интересира самата авантура. Тие се грижат за личноста што покрај нив ја доживува истата.

Вие ќе ја изгубите страсната девојка во истиот момент штом почнете да ја земате здраво за готово, кога ќе заборавите колку сте среќни што ја имате. Ако се опуштите покрај неа и веќе не се трудите или престанете да работите на подобрување на вашата врска, таа ќе се оттргне и ќе најде некој друг, повреден за нејзиното внимание.

Вие ќе ја изгубите страсната девојка кога ќе ја изгубите и сопствената страст. Кога ќе погледнете настрана додека ве бакнува. Кога ќе спиете со неа без да вложувате емоции. Кога ќе направите да се почувствува лесно заменливо, како да ќе бидете исто толку среќни и покрај која било друга жена.

Страсните девојки сакаат да бидат посакувани. Дури и кога се гледаат со некого, тие имаат потреба од топли комплименти, долги прегратки и незаборавни ноќи. Тие не бараат внимание, туку знаат што сакаат и што заслужуваат. Затоа и сметаат дека треба да бидат гледани како најубавата жена на светот од својот партнер.

Вие ќе ја изгубите страсната девојка кога ќе престанете да ја сметате за љубовта на својот живот, бидејќи таа не сака да биде само уште една девојка со која се состанувате. Таа сака да бидете девојката со која ќе го поминете остатокот од својот живот. И сака да биде сигурно во тоа, бидејќи во спротивно ќе се тргне и ќе најде нешто подобро.

Не плашете се да го изгубите дечкото кому му е сеедно дали ќе ве изгуби вас!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар