Листа од корисни јаглехидрати кои ќе ви помогнат во борбата со килограмите

Листа од корисни јаглехидрати кои ќе ви помогнат во борбата со килограмите

Многумина знаат дека диетата без јаглехидрати дава навистина брзи резултати, но слабеењето на овој начин не е правилно. Дефицитот на калории е главно нешто на коешто треба да обрнете внимание кога станува збор за слабеењето. Покрај тоа, потребна е разновидна исхрана што содржи протеини, масти и јаглехидрати за да не го нарушите вашето здравје. Следниве продукти го содржат потребното количество комплексни јаглехидрати, влакна и витамини кои ќе ви помогнат да се чувствувате сити подолго време.

Јаглехидратите во процесот на слабеење

Едно од најважните нешта што треба да ги знаете за јаглехидратите е дека ни даваат енергија. Дури и мастите и протеините не можат да се преработат без нив. Но, често јаглехидратите се поврзани со дебелеење. Па дали ова е вистина?

Јаглехидратите се делат во две групи.

Комплексните јаглехидрати содржат скроб, влакна, пектин и гликоген. Овде спаѓаат леб, грав, житарици, тестенини, компири, зеленчук и јаткасти плодови.

  • Тие се дигестираат бавно и прават да се чувствуваме сити.
  • Ја подобруваат работата на цревата и се добри за флората во желудникот.
  • Го намалуваат задржувањето на водата.
  • Ја подобруваат дигестијата.
  • Помагаат во создавањето мускулна маса.

Едноставните јаглехидрати содржат гликоза, фруктоза, галактоза, сукроза и малтоза. Овде спаѓаат овошје, млеко, слатки, печива, пиво и брза храна.

  • Предизвикуваат менување на нивото на шеќерот во крвта.
  • Даваат повеќе енергија.

Кога ќе се зголеми нивото на гликоза, панкреасот почнува да произведува инсулин. Колку повеќе јаглехидрати внесувате, толку повеќе инсулин се произведува. Комплексните јаглехидрати го прават ова побавно, а едноставните го прават побрзо и ве тераат да јадете повеќе. Најчесто консумираме едноставни јаглехидрати со што предизвикуваме брзо зголемување на нивото на инсулин. Ова не му дозволува на телото да ги преработи мастите, па настанува дебелеење. Ова не значи дека треба да се откажете од едноставните јаглехидрати, туку важно е да има рамнотежа. Консумирајте повеќе комплексни јаглехидрати за да слабеете.

1. Наут

Листа од корисни јаглехидрати кои ќе ви помогнат во борбата со килограмите

Наутот содржи протеини и многу незаменливи аминокиселини што му се потребни на метаболизмот. Влакната во него го контролираат количеството храна што го консумирате. Наутот е одличен во комбинација со зеленчукови супи, зачини и маслиново масло. Хумусот, едно од најпознатите арапски јадења, е направен од наут. За брзо слабеење нутриционистите препорачуваат да ги замените продуктите со заситени масти со наут.

2. Пченка

Листа од корисни јаглехидрати кои ќе ви помогнат во борбата со килограмите

Протеините и витамините во пченката го одржуваат здравјето на кожата, косата и ноктите. Пченката помага во согорувањето на мастите и содржи влакна што ги стимулираат цревата. Ако измешате пченка со грав, процесот на слабеење ќе се забрза. Причината е тоа што и двата продукти содржат скроб којшто го забрзува метаболизмот.

3. Тестенини

Листа од корисни јаглехидрати кои ќе ви помогнат во борбата со килограмите

Интегралните тестенини се едни од главните „диетални“ продукти. Тие содржат комплексни јаглехидрати што даваат енергија и го чистат телото од токсини. Тестенините се одлични во комбинација со зеленчук.

4. Грашок и аспарагус

Листа од корисни јаглехидрати кои ќе ви помогнат во борбата со килограмите

Грашокот содржи калиум којшто ги заканува мускулите и ја подобрува работата на цревата. Тој е одличен за луѓе кои не јадат месо бидејќи содржи многу протеини. Овој продукт е популарен помеѓу луѓето кои сакаат да ослабат бидејќи прави да се чувствувате сити.

Аспарагусот ги има истите својства. Содржи влакна, многу витамини, помага во намалувањето на високиот крвен притисок, го чисти телото од токсини и ја подобрува работата на срцето.

5. Печурки

Листа од корисни јаглехидрати кои ќе ви помогнат во борбата со килограмите

Иако печурките се многу хранливи, тие содржат малку калории. Свежите шампињони имаат околу 27 калории, додека пржените имаат само 50. Аминокиселините, фосфорот, натриумот, калиумот и витамините Б, Ц и Д ги прават печурките навистина здрава храна. Влакната и протеините прават да се чувствувате сити подолго време.

6. Ориз

Листа од корисни јаглехидрати кои ќе ви помогнат во борбата со килограмите

Дивиот ориз содржи малку калории и многу влакна, протеини и триптофан – аминокиселина која е природен седатив. Овој ориз прави да се чувствувате сити. Се препорачува дивиот ориз да се консумира со други продукти бидејќи може да биде тежок. Додајте малку див ориз во бел или интегрален ориз за совршен оброк.

7. Компири

Листа од корисни јаглехидрати кои ќе ви помогнат во борбата со килограмите

Една од најголемите дебати за компирите е дали тие се здрави или не. Всушност, компирите содржат помалку скроб од тестенините и некои житарици. Она што е важно е начинот на подготовка. Компирите варени или печени со зеленчук и маслиново масло нема да имаат влијание на вашето тело бидејќи содржат корисни елементи. Се препорачува да не консумирате путер и месо со компири, особено пржени.

Прочитајте ги и советите за слабеење од луѓето кои се ослободиле од вишокот килограми.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар