Лимонада со лубеница
Одлично летно освежување…Потребни состојки за 8-10 чаши:
- лубеница од 2 кг и 200 г., исечена на парчиња и исчистена од семки
- 3 лимони
- ситно рендана кора од еден лимон
- 350 мл вода
- 50 грама шеќер
Начин на подготовка: Направете пире од лубеницата, а потоа процедете го за да се одвои течноста од тврдите состојки. На течноста од лубеницата додадете ги лимоновиот сок, кората од лимонот, водата и шеќерот. Добро промешајте и послужете заедно со мраз и декорирајте со мали парчиња лубеница и лимон.
Доколку сакате, можете на овој убав освежителен пијалак да му додадете вотка или некој друг алкохолен пијалак и од него да направите одличен летен коктел.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.