Лимонада со лаванда: Летно освежување што има моќ да ја смири секоја главоболка
Освен тоа што е летно освежување, лимонадата со лаванда може да ги опушти сите сетила. Ако имате проблеми со главоболките предизвикани од честите промени на времето, тогаш овој рецепт е совршен за вас. Не само што ќе ви ги смири симптомите, туку и целото тело ќе ви доведе во баланс.
Потребни состојки:
- Прстофат исушени цветови лаванда (органски одгледани)
- 1 капка етерично масло од лаванда
- 6 лимона, олупени и исцедени
- 1 лажица мед
- 1.100 милилитри вода
Начин на подготовка:
Сварете половина од водата и тргнете ја од оган, па во неа додајте ги сите состојки освен лимоновиот сок. Оставете да отстои 20-тина минути, а потоа исцедете и сипете во поголем сад. Додајте го лимоновиот сок, заедно со останатата половина од водата и добро промешајте. Оставете да се олади и послужете.
Пробајте ја и оваа освежувачка лимонада со лубеница.