Лежерните фризури на блогерката Сара Ескудеро како инспирација за секојдневно стилизирање на косата
Сара секојдневно на својата платформа collagevintage нè инспирира со своите разиграни фотографии на кои редовно позира со срамежлив израз на лицето. Нејзиниот дневник на социјалните мрежи нè води низ нејзините патувања, ни дозволува да ѕирнеме во нејзиниот гардеробер, да откриеме каде обожава да купува, но и ни служи како супер водич за секојдневно стилизирање на косата.
Секогаш лежерна и опуштена, Сара често ја стилизира косата во високи неуредни пунџи, зачешлана наназад во ниско опавче или високо опавче кое дополнително го украсува со стегачи по целата негова должина.
Ни се допаѓа и нејзината игра со марамите за коса, класичните плетенки, но и начинот на кој ги стилизира локните. Секоја од овие фризури е доволно дотерана за да го започнете утрото и дневните обврски со неа, но и да го завршите денот во некој локален коктел бар. Неколку дополнителни идеи за стилизирање ви издвојуваме во продолжение.
На следната страница погледнете уште неколку идеи за стилизирање на косата.