Лето во есен: Ментол бојата ги освојува сите социјални мрежи
Ментол бојата важи за една од најнежните нијанси на зелената боја, но и за една од најубавите бои од сите. Таа е симбол за сонцето, пролетта, летото и морето, боја поради која едвај чекаме да пројдат студените месеци за да можеме да ја носиме. Оваа љубов кон неа е толку голема, што оваа сезона познатите дами решиле да ја понесат со нив и во есента, а можеби дури и во зимата.
Некои од овие жени што поставуваат трендови се Викторија Бекам и Меланија Трамп кои едноставно не сакаат да се откажат од оваа боја, притоа започнувајќи вистинска револуција на социјалните мрежи. Како што можете да видите во фотографиите подолу, жените сè повеќе и повеќе се охрабруваат да го следат нивниот пример, поставувајќи нов моден тренд.
Што мислите вие? Дали би сакале да ја комбинирате оваа летна облека и во студените месеци?
Погледнете и кои се топ 5 есенски модни комбинации за сите тренди девојки.