Лето без инфекции: 4 совети за вашето интимно здравје

Лето без инфекции: 4 совети за вашето интимно здравје

Иако се грижиме за нашата интимна зона во текот на целата година, во летото заради жештината и зголеменото потење, мораме да посветиме дополнително внимание на овие делови од телото.

1-leto-bez-infekcii-4-soveti-za-vasheto-intimno-zdravje-www.kafepauza.mk_

1. Изберете интимна купка со соодветна pH вредност

Факт е дека вагината има способност сама да се чисти, и дека би било најдобро да ја миете само со обична вода. Но, веруваме дека поголемиот дел од жените не би биле „мирни“ доколку би го исфрлиле сапунот од својата нега. Па, ако користите сапун, купувајте неутрален или од оние кои се наменети за интимна хигиена. Водете сметка дека нормалната pH вредност на здравата вагина е помеѓу 3,8 и 4,5.

2. На плажа понесете резервен костим за капење

Доколку одите на море или на базен, колку што е можно побрзо пресоблечете се од мократа облека. Исто така, задолжително пресоблечете се и после вежбањето во теретана. Влагата е идеална за развивање габични инфекции.

2-leto-bez-infekcii-4-soveti-za-vasheto-intimno-zdravje-www.kafepauza.mk_

3. Носете памучна долна облека

Обидете се да ја избегнувате долната облека од чипка, сатен и синтетика. Овие материјали ја задржуваат влагата и може да дојде до развивање на разни габични и бактериски инфекции. Идеално би било секогаш да носите памучна долна облека. Доколку тоа е невозможно, користете дневни памучни влошки, а посебно обрнете внимание нивниот горен дел да биде направен од 100% памук.

4. Двојна грижа во текот на „оние денови“

За време на менструацијата, зголемете ја грижата за интимната зона. Избирајте квалитетни влошки, кои нема да ви предизвикаат иритации, и кои ќе одговараат на вашите потреби. Совет плус: Никогаш немојте да го избегнувате вежбањето во текот на менструалниот циклус. Всушност, токму физичката активност може да ви ја ублажи болката.

Доколку се подготвувате за одмор, погледнете го овој комплетен водич за средување на влакненцата во вашата интимна зона.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар