Летно овошно задоволство: Десерт со малини и бадеми
Оваа торта може да стане вашиот омилен летен рецепт
Потребни состојки:
- 6 јајца
- 100 грама брашно
- 75 грама мелени бадеми
- 325 грама шеќер
- 40 милилитри ликер од малини
- 500 грама маскарпоне
- 500 милилитри слатка павлака
- 800 грама малини
- 2 лажици сок од лимон
- 50 грама шеќер во прав
Потребни состојки:
Загрејте ја рерната на 220 степени. Помешајте го брашното со бадемите, а потоа одвојте ги белките од јајцата и изматете ги со 150 грама шеќер. Жолчките додајте ги на брашното и бадемите, измешајте, а потоа додајте ги и изматените белки. Во сад за печење поставете хартија за печење и распоредете ја смесата рамномерно врз неа. Печете ја кората во рерна 12-15 минути, а потоа извадете ја и ставете ја во друг сад и тргнете ја хартијата. Пресечете на половина (или на повеќе делови во зависност од тоа колку слоеви ќе сакате вашата торта да има) и оставете ја да се олади.
Сварете сируп од остатокот од шеќерот и 125 милилитри вода, а потоа оставете да се олади. Измешајте ги ликерот и маскарпонето и додека матите додајте 300 милилитри од слатката павлака заедно со 500 грама од малините. Откако ќе завршите, поставете дел од филот над кората, а потоа повторете уште еднаш (или повеќе пати во зависност од тоа колку слоеви сакате). Кога ќе завршите со редењето, покријте ја тортата со проѕирна фолија и оставете ја во фрижидер 6 часа. Остатокот од малините варете го 5 минути и потоа додајте сок од лимон и шеќер во прав. Декорирајте ја тортата со останатата слатка павлака и преливот од малина.