Летно освежување од јагоди кое е готово за само 3 минути
За да започнете да живеете здраво и да се спасите од непотребните калории, шеќери и маснотии, денес ви откриваме еден рецепт за сладолед кој можете да го подготвите дома и тоа за само неколку минути. Преполн со овошје, овој сладолед е вкусна и здрава замена, а кога еднаш ќе го пробате повеќе никогаш нема да помислите на сладоледот кој го консумиравте досега.
Потребни состојки:
- 4 смрзнати банани
- 350 грама смрзнати јагоди
- 1/2 чајна лажица екстракт од ванила
- 2 до 4 лажици млеко од индиско оревче (по ваш вкус, можете да го замените со кое било друго млеко)
Подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека не добиете мазна и кремаста смеса. Подготвениот сладолед префрлете го во сад за сервирање и украсете го со кокос и исечкани јагоди. Вашиот летен сладолед за вистинско освежување е готов.
Секако, секогаш можете да избирате здрави варијанти и десерти, па токму затоа ви предлагаме да ја испробате оваа здрава и вкусна летна ужина.