Летни парчиња облека кои мажите ги сакаат
Секоја девојка се труди да биде секси и да остави некаков впечаток, особено ако има посебна личност од чија страна треба да биде забележана. Ова се неколку летни парчиња облека и комбинации, кои мажите ги сметаат за секси. Мини здолништа, тесни фармерки, но и спортски и лежерен изглед често знае да им ја разбуди фантазијата, особено во лето.
Ританки
Делуваат природно, опуштено и оставаат впечаток дека не сте се труделе премногу околу својот изглед. Мажите го сакаат тоа.
Мини здолништа
Тие се слатки и секси, плус ги нагласуваат струкот и задникот… кое машко не го сака тоа?
Тесни фармерки
Тесните фармерки најдобро ги нагласуваат облините на женското тело. Делуваат спортски и лежерно, а со соодветни потпетици, одговараат на повеќе различни пригоди. Тесните фармерки се само уште еден доказ дека не мора да биде разголено за да биде секси.
Горен дел без прерамки
Се гледаат рамениците и дел од грбот, затоа ваквиот изглед мами воздишки.
Рамни обувки
Слатки се и женствени. Покажуваат дека личноста која ги носи е слободна, полна со самодоверба и не е опседната со својот изглед.
Летни фустанчиња
Секси, лежерно, лелеаво… летно! Буди фантазија кај мажите.
Кратки шорцеви и обувки на висока плута
Кратките шорцеви во комбинација со сандали на висока плута, се одличен летен, кежуал избор. Момците ја сакаат оваа комбинација, бидејќи сандалите на висока плута, ненападно ги истакнуваат женските нозе, а кратките шорцеви ги нагласуваат колковите.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.