Летни модни трикови кои ќе ви заштедат време, а вие ќе изгледате модерно и стилизирано

Летни модни трикови кои ќе ви заштедат време, а вие ќе изгледате модерно и стилизирано

Лето е. Нервозни сте, бидејќи знаете дека ќе ви биде претопло. Брзате за да не задоцните. Што да облечете? Само уште оваа мака ви фалеше на веќе набројаните. Сепак, во ваквите ситуации секогаш може да ви помогнат проверените модни трикови кои ќе ви заштедат време наутро, а ќе ви дадат модерен и удобен изглед во текот на целиот ден.

1-letni-modni-trikovi-koi-kje-vi-zashtedat-vreme-a-vie-kje-izgledate-moderno-i-stilizirano-www.kafepauza.mk_

1. На пример, комбинацијата која секогаш успева е кој било летен фустан со парче од тексас. Фустанот може да биде бел, краток, долг, лелеав, со дезен или еднобоен, а кога станува збор за тексасот, изберете или елек или јакна. Надополнете ја комбинацијата со едноставни аксесоари и подготвените сте за напорниот ден.

2-letni-modni-trikovi-koi-kje-vi-zashtedat-vreme-a-vie-kje-izgledate-moderno-i-stilizirano-www.kafepauza.mk_

2. Долгиот фустан во комбинација со сандали е брз, лесен, едноставен и стилски избор. Да не заборавиме, и пријатно и удобно. Потребно време за подготовка? 2 минути.

5-letni-modni-trikovi-koi-kje-vi-zashtedat-vreme-a-vie-kje-izgledate-moderno-i-stilizirano-www.kafepauza.mk_3-letni-modni-trikovi-koi-kje-vi-zashtedat-vreme-a-vie-kje-izgledate-moderno-i-stilizirano-www.kafepauza.mk_

3. Уште една комбинација готова за 2 минути – ултра модерна кошула-фустан во комбинација со омилените патики. За да изгледате поженствено во оваа лежерна комбинација „заокружете“ ја со силна боја на кармин.

6-letni-modni-trikovi-koi-kje-vi-zashtedat-vreme-a-vie-kje-izgledate-moderno-i-stilizirano-www.kafepauza.mk_7-letni-modni-trikovi-koi-kje-vi-zashtedat-vreme-a-vie-kje-izgledate-moderno-i-stilizirano-www.kafepauza.mk_

Продолжете на следната страна за останатите модни трикови кои ќе ви го заштедат времето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар