Летна инспирација: Фустан на преклоп

Летна инспирација: Фустан на преклоп

Ако сте во потрага по тренд кој ова лето ќе ви овозможи модерен и дамски изглед, имаме 3 збора за вас – фустани на преклоп! Пријатен, лесен за комбинирање, удобен за носење, модерен и практичен – токму тоа е она што ви е потребно за ова лето полно со стил и пријатно чувство кога надвор температурите се високи. Заинтересирани сте? Супер, бидејќи денес ви откриваме неколку трикови како да ги стилизирате фустаните на преклоп.

1-modna-letna-inspiracija-kako-da-go-nosite-fustanot-na-preklop-www.kafepauza.mk_

1. Краток фустан + рамни обувки

Постои едноставно правило кое секогаш успева. Кога носите кратки фустани, слободно изберете рамни обувки: сандали, балетанки или папучи. Ќе добиете лежерна летна модна комбинација во француски стил која е совршена за деновите кога ќе посакате да изгледате модерно, без многу труд.

2-modna-letna-inspiracija-kako-da-go-nosite-fustanot-na-preklop-www.kafepauza.mk_3-modna-letna-inspiracija-kako-da-go-nosite-fustanot-na-preklop-www.kafepauza.mk_

2. Подолг фустан + високи потпетици

Кога носите фустан со должина до под колена или сосема долг, одлучете се за обувки со висока потпетица за да изгледате повисоко и послабо.

4-modna-letna-inspiracija-kako-da-go-nosite-fustanot-na-preklop-www.kafepauza.mk_5-modna-letna-inspiracija-kako-da-go-nosite-fustanot-na-preklop-www.kafepauza.mk_

Преминете на следната страница за останатите модни совети…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар