Летен хит: Ледени коцки од лубеница за освежување во најтоплите денови
Дозволете ни да ви претставиме идеја која е толку едноставна, што не можеме да си поверуваме дека никогаш претходно не сме помислиле на неа. Станува збор за ледени коцки од лубеница. Овие замрзнати овошни коцки се суптилно благи, целосно освежувачки и најдобро од сè, бараат само една состојка за да ги направите. Зарем има подобар начин на кој можете да се освежите за време на топлите летни денови?
Сè што ви е потребно за овие чудесни ледени коцки се лубеница (без семки) и калап за коцки лед. Едноставно исечкајте ја лубеницата на мали парчиња, доволни за да можат да се сместат во калапот или пак, исцедете ја па сипете ја во нив и потоа ставете ги во фрижидер. По желба можете да додадете и прстофат шеќер или ливчиња нане.
Откако ќе се замрзнат, тие се веднаш спремни за послужување. Можете да ги додадете во обична вода, природен цеден сок или кој било друг пијалак (дури и алкохолен) кој би сакале да го разладите. Исто така можете и само нив да ги јадете – тие се исто толку вкусни како и сладоледот. Единствената разлика е што се далеку поздрави за вашето тело.