Лесно се одгледуваат, им успеваат на сите: Најубавите есенски цвеќиња
Овие растенија со раскошни цветови се многу лесни за одгледување и ќе ги разубават есенските денови. Тие цветаат во текот на целата есен и поради долгиот период на цветање, ќе ја разубавуваат вашата градина дури и до првиот мраз. Погледнете кои се најубавите есенски цвеќиња:
Хризантеми
Градинарските хризантеми се вистински кралици на есента. Тие растат од 30 до 50 центиметри над земјата и формираат исклучително убави, симпатични грмушки. Тие се отпорни на мраз, а за зимата е доволно да се покријат со компост или со градинарска почва. Тие обично цветаат од средината на летото до крајот на ноември. Цветовите можат да се бидат во различни бои. Им одговара плодна, малку влажна, топла почва и место изложено на сончева светлина.
Хедер
View this post on Instagram
Ова растение е многу лесно за одгледување. Припаѓа на големото семејство Хедер, кое има повеќе од 500 видови. Тоа е зимзелена грмушка со мали цвеќиња во форма на ѕвончиња во различни бои. Не бара посебна грижа и цвета од септември до првиот мраз, а се сади од рана пролет до доцна есен. Ова растение сака сончеви места и лесна, добро дренирана почва.
Астер
View this post on Instagram
Ова растение цвета од крајот на август до ноември. Станува збор за повеќегодишно растение за кое не е потребна посебна грижа. Обично расте од 120 до 150 центиметри во висина.
Прочитајте кога да им ја смените земјата на вашите растенија според месечевиот календар.