Лесни рутини за вежбање дома за кои не ви е потребна опрема
Вежбањето од дома изгледа како одлична идеја, но само во првите 5 минути. Дома нема кој да ве мотивира и да ви го одвлекува вниманието од имејлот на кој треба да одговорите. Тогаш престанувате со вежбање за да завршите некоја работа и си велите дека ќе продолжите, но постојано излегува нешто што ве одвлекува од тоа. Погледнете некои одлични рутини за вежбање кои ќе ви помогнат да издржите до крај и кои можете да ги најдете на вашиот смартфон или на Јутјуб.
Рутина од 7 минути
Да, навистина трае само 7 минути. Но како можете да постигнете нешто за толку кратко време? Тајната е вежбањето во интервали. Иако сите повторувања ќе ви одземат 45 минути, ако немате толку време во ред е да направите помалку повторувања. И секако, кога вашата рутина за вежбање трае кратко, сигурно ќе можете да издржите до крај. Една од овие 7-минутни рутини можете да најдете тука за андроид и тука за ајфон.
Табата – 45 минути
Ова е уште една фантастична и лесна рутина. Овде правите серија од вежби кои се поделени во 8 х 20 секундни циклуси. Како и во претходната рутина, и овде сите повторувања ќе ви одземат 45 минути, но можете да направите помалку доколку немате време. Симнете ја апликацијата за ајфон тука.
30-дневен предизвик за стомачни
Можете да најдете повеќе верзии на овој предизвик. Добрата работа со оваа рутина е што почнувате со многу лесни вежби, а ви одзема малку време. Кога ќе почнете да се ближите кон потешките вежби, вие веќе ќе имате посилни мускули и нема да ви биде толку тешко да ги направите. Овие предизвици можете да ги пронајдете лесно на Пинтерест и да го одберете оној што најмногу ви одговара.
Рутина со тоалетна хартија
Најдоброто нешто за оваа рутина е тоа што ви треба „опрема“ која веќе ја имате дома. Вежбите се предизвикувачки и доволно различни за да ги вежбате сите мускулни групи. А како таа изгледа? Погледнете го следново видео:
Вежби во кревет
Совршени за мрзливите утра, оваа рутина ќе ви одземе само 5 минути. Можете да го зголемите времето на вежбање и бројот на повторувања за да се предизвикате. Во продолжение ви претставуваме 6 такви вежби…
Продолжува на следната страница…
Одлично е ова!
Треба да има посебна рубрика за вежби
Поздрав