Лесни физички активности што ќе ви помогнат да спиете поубаво и подобро

Лесни физички активности што ќе ви помогнат да спиете поубаво и подобро

Сѐ повеќе се зголемува бројот на оние коишто се жалат од несоница и дека не можат да се наспијат во текот на ноќта, бидејќи сонот едноставно не им доаѓа. Понекогаш решението се разни терапии, разговори со псхотерапевтите, а друг пат помагаат и некои природни лекови, но едно е сигурно, најздравото решение е физичката активност. И тогаш кога мислите дека нема да ви помогне, научно е докажано дека некои активности успешно го решаваат проблемот со несоницата.

1-fizichki-aktivnosti-zaradi-koi-kje-spiete-poubavo-i-podobro-www.kafepauza.mk_

1. Трчање

Несоницата честопати се јавува како резултат на стрес и напнатост, па не треба да се фокусирате на неа, туку на тоа што ја предизвикува. Трчањето, не маратонско, туку џогирањето – лесно трчање до 20 минути во вечерните часови ќе направи да се чувствувате подобро, да ги расчистите вашите мисли, а со тоа и да се заморите, па кога сето тоа ќе се вклопи, секоја вечер полесно и поубаво ќе заспивате.

2. Прошетки

Не мора да биде трчање, доколку немате волја и сила. Трчањето заменете го со долга, лесна прошетка, а доколку имате можност да ја реализирате во природа, тогаш тоа ќе биде полн погодок. Прошетката во парк, покрај река или езеро од некој половина час или повеќе, сами или со личноста чие друштво ви одговара, сосема ќе ве освежи и релаксира, а токму тоа ви е потребно за несоницата да исчезне и да стане минато. Затоа секоја вечер одвојувајте малку време кое ќе го искористите за прошетка.

2-fizichki-aktivnosti-zaradi-koi-kje-spiete-poubavo-i-podobro-www.kafepauza.mk_

3. Јога

Можете да одите на часови јога, но можете и слободно да ја практикувате дома, гледајќи некој тренинг на Интернет. Јогата не вклучува голема активност и напнатост, но е најдобриот начин да се вежба телото и умот, за низ вежбата да се соединат убавото и корисното како за психичкото, така и за физичкото здравје. Не само што ќе си го опуштите телото, туку оваа пракса и совршено ќе делува на вашите мисли, психа, па секојдневно сѐ помалку ќе чувствувате дека имате проблеми со спиењето, а и функционирањето во текот на денот ќе ви биде подобро и полесно.

4. Градинарство

Милевте дека градинарството не се вбројува во физички активности? Па, направете еден експеримент каде што подолго време ќе се задржите со работа околу цвеќињата и тревата, па уште наредниот ден ќе забележите дека имате благо воспаление на мускулите. Градинарството е одличен тренинг за истегнување, а освен тоа, совршено психички ги смирува и ги прочистува мислите, што значи дека брзо ќе го решите вашиот проблем со несоницата.

3-fizichki-aktivnosti-zaradi-koi-kje-spiete-poubavo-i-podobro-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар