Лесен трик со кој никогаш повеќе нема да ги заборавате имињата на луѓето

Лесен трик со кој никогаш повеќе нема да ги заборавате имињата на луѓето

Луѓето сакаат да бидат запомнети. Доколку долго време разговарате со некој, а подоцна го заборавите неговото име, тој многу ќе се навреди. Еве еден трик како во иднина никогаш да не ги заборавате имињата на луѓето.

0-lesen-trik-so-koj-nikogash-povekje-nema-da-gi-zaboravate-iminjata-na-lugjeto-kafepauza.mk

Додека вашето име е значајно, посебно за вас, за другите луѓе е само еден збор кој треба да биде запомнет заедно со многу други зборови. Не е изненадувачки фактот дека на повеќето од нив не им смета да го запомнат.

Важно е да се запомни дека нашата меморија функционира преку конотации. Да се сеќавате само на името на еден човек е тешко. Но доколку неговото име го поврзете со нешто друго, помнењето на тоа име би било полесно. Ова е причината зошто не ви е проблем да запомнете име кое е исто со името на вашиот татко.

lesen-trik-so-koj-nikogash-povekje-nema-da-gi-zaboravate-iminjata-na-lugjeto-kafepauza.mk

Трик: Кога се запознавате со некоја нова личност, пробајте да насликате ментална слика во вашата глава која директно се поврзува со името. Кога замислувате, пробајте да бидете специфични и „жигосајте“ ја таа слика длабоко во вашата потсвест. Обидете се да ги запомните деталите колку што можете повеќе. Направете приказна околу името и појавата на личноста. На тој начин ќе биде полесно да го запомнете името.

На пример ако некој се вика Славе, замислете си како славеј лета и пее околу него и на крајот му слетува на главата. Ако запознаете Моника, направете на пример забавна рима Мони-бонбони и ставете ја Моника во контекст со еден куп M&M’s. Обојте го Бојан во одредена боја, за Весна можете да си испеете некоја заразна песна во главата, додека за Александар е лесно – замислете си го качен наместо Воинот на коњ. 🙂

Притоа имајте предвид дека колку подобра имагинација имате, толку трикот подобро ќе функционира. Сѐ додека ситуацијата која ја замислувате е апсурдна и нетипична, ќе биде многу тешко да го заборавите името врежано во вашата глава.

Штом ја усовршите техниката, тоа ќе ви помогне да помните и разни други детали од секојдневниот живот.

Автор: Маја Линкова


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар