Лековитите својства на сокот од компир
Компирот расте насекаде и претставува дел од исхраната на повеќето луѓе на планетата. Но, дали сте запознаени дека може да се конзумира свежиот сок од ова растение? Ако ве изненадува ова сознание, подгответе се да бидете запрепастени од сите негови здравствени придобивки.
Се подготвува едноставно. Компирот прво се лупи, па се ренда и од ситните парченца се исцедува сокот. Треба да користите зрели плодови кои имаат црни дамки, а никако не користете ги зелените делови бидејќи тие најчесто содржат токсини.
Сокот делува против воспаленија, па се препорачува на лица кои патат од артритис или други видови воспаленија придружени со болки.
Сокот ја подобрува циркулацијата во сите делови од телото, алкалоидите од компирот го спречуваат настанувањето на кардиоваскуларни болести, дури и појавата на рак.
Добар е и во борбата против егземите и ја чисти кожата.
Може да ви помогне доколку сакате да ослабете. Наутро, пред појадок, а навечер, 2-3 часа пред да си легнете да спиете, испијте по 100 мл сок од компир. Не е нешто многу вкусен, дури може да биде и непријатен кога ќе го почувствувате на јазикот, па затоа можете да му додадете малку мед или да го измешате со друг сок, на пример од моркови.
Дополнителни предности од конзумирањето на овој напиток ни открива д-р Пол Хајдер, светски познатиот автор на книги за здрави и антистрес програми. Тој препорачува да го користат оние кои имаат подагра, бидејќи може да направи чудо како лек. Исто така, го смалува холестеролот, делува како средство за детоксикација, а во Јапонија и во некои други делови од светот со голем успех се користи за третирање на лица заболени од хепатитис.
Некои студии покажуваат дека сокот од компир дава одлични резултати во лечење на дијабетесот, снижување на крвниот притисок, болести на бубрезите и на панкреасот. Црвениот и виолетовиот компир содржат големи количества антоцијани, кои спречуваат раст на клетките на ракот, а жолтиот и портокаловиот содржат зеаксантин кој е важна состојка за нашиот вид.
Ова е и одличен напиток за луѓето со болки во желудникот, ждригавица и проблеми со варењето. Полн е со витамини А, Ц и оние од групата Б, содржи фосфор, калциум, железо, калиум, влакна и протеини. Витаминот Ц штити од рак и срцеви болести, а Б витамините го јакнат имунитетот. Калиумот ја одржува урамнотеженоста на течностите и електролитите во организмот и е важен за правилната работа на срцето.
Не постои ниедна причина да не му дадете шанса на овој необичен, но лесно достапен напиток.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.