Претходно
Лековита напивка за нервозни црева
Датум: 03 фев 2015
Коментари: 0
Оваа комбинација од чаеви со ленено семе ќе ви помогне инстантно да ги смирите вашите нервозни црева
Потребни состојки:
- 100 грама мелено ленено семе
- 100 грама сладок корен
- 100 грама ајдучка трева
- 100 грама нане
- 100 грама мајчина душичка
- 1 литар зовриена вода
Начин на подготовка:
Помешајте ги заедно сите состојки и од вкупната количина издвојте 5 полни супени лажици и помешајте ги со 1 литар зовриена вода. Повторно добро измешајте, затворете, оставете да стои барем половина час и потоа исцедете. Оваа лековита напивка се препорачува да се пие полека, со мали голтки и во текот на целиот ден. Ќе се изненадите од моќта на овој природен лек за нервозни црева.