Лек против 'рчење: Пијалакот кој ќе ви ги реши ноќните маки

Лек против ‘рчење: Пијалакот кој ќе ви ги реши ноќните маки

‘Рчењето е проблем со кој се соочуваат луѓе од скоро сите возрасти. Причинителите можат да бидат различни, а еден од најчестите е болест на слузницата на носот. Ако сакате да се ослободите од ‘рчењето на вкусен и здрав начин, додадете го овој супер брз пијалак кој е готов за миг.

0-lek-protiv-rchenje-pijalokot-koj-kje-vi-gi-reshi-nokjnite-maki-kafepauza.mk

‘Рчењето е нарушување на дишењето кое го предизвикуваат разни фактори. Освен девијација на носниот канал, тоа може да го предизвикаат и вишокот килограми, лошата перница и душек, затнатата или сува слузница во носот.

На ова нарушување влијае и исхраната, хроничните воспаленија на синусите и сувиот воздух – ова се најчестите причинители на ‘рчењето. Ако и вие патите од затнат или сув нос или густ слуз кој е невозможно да го издувате, време е да го пробате овој едноставен и природен пијалак против ‘рчење.

Потребни состојки:
  • 2 моркови
  • 2 јаболка
  • 1 парче ѓумбир (колку нокот од палецот)
  • 1 лажица лимонов сок
Начин на подготовка:

Морковите и јаболката добро измијте ги, а ѓумбирот излупете го. Ставете ги сите состојки во соковник. Првиот ден сокот пијте го наутро, пред ручек како и пред вечера. После тоа доволно е една чаша дневно. Сокот ќе ги ослободи дишните канали и ќе ја нормализира слузницата – со тоа ќе го спречи ова ужасно нарушување.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар