Лек против мамурлак

Лек против мамурлак

Автор: Весна Јовановска

Брена Хајсом е „виновна“ за ефикасната формула што лечи мамурлак. После бројни обиди за справување со последиците од долгите, бурни и непреспани ноќи, конечно  дошла до ефикасен рецепт кој делува за само 15 минути. Открила  дека мамурлакот може да исчезне со точно 500 милиграми аспирин, 60 милиграми кофеин и антацид, кој го стабилизира вознемирениот стомак.Жена пронашла лек против мамурлакХајсом не е научник, ниту пак е дел од здравството, туку е поранешна финансиерка која мака мачела со мамурните утра. Комбинациите од лекови, чаеви и што уште не, кои ги пробувала исклучиво на себе, воопшто не ѝ помагале. Нејзиниот благодетен изум сега е патентиран како „Blowfish“ и може да се најде во аптеките во САД. Една доза од лекот чини околу три долари. Тој е признаен од  американската Агенција за храна и лекови (ФДА) и наредната година најверојатно ќе се појави и на европскиот пазар.Жена пронашла лек против мамурлак

Едно особено брутално утро на кое му претходеше исклучително добра ноќ, почнав да размислувам за тоа дека мора да има начин и утрата да станат толку добри и долги, исто како и ноќите. Навечер пиев хербални лекови кои не ми го решаваа проблемот. Затоа започнав да трагам по нешто што навистина ќе функционира и што ќе може да се конзумира наутро, после пиење алкохол. Открив комбинација која брзо делува ѝ ја споделив со пријателите“,  вели таа.

Многу луѓе се срамат од мамурлакот. Јас мислам дека тој е дел од животот, но дефинитивно со ова не ги охрабрувам луѓето да пијат прекумерно, без разлика што слоганот на производот е ‘Биди сопственик на ноќта, спаси го денот’“, додава Хајсом.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар