Ледено задоволство: Сладолед со сите бои на виножитото

Ледено задоволство: Сладолед со сите бои на виножитото

Слатко и здраво овошно уживање кое ќе ве освежи и расположи со својата разиграност и колоритност

Ледено задоволство: Сладолед со сите бои на виножитото

Потребни состојки:
  • 250 милиграми замрзнати малини
  • 250 милиграми замрзнати јагоди
  • 250 милиграми замрзнато манго
  • 370 милиграми замрзнат ананас
  • 250 милиграми млад спанаќ
  • 750 милилитри грчки јогурт од ванила
Начин на подготовка:

Во блендер ставете ги малините заедно со 170 милиграми од грчкиот јогурт и матете сѐ додека состојките не се соединат. Потоа постапката повторете ја и со преостанатите замрзнати овошки, со исклучок на ананасот од кој треба да оставите 170 милиграми настрана. Чистете го блендерот после секоја боја.

Изматете го спанаќот со преостанатите 170 милиграми замрзнат ананас и префрлете ги состојките во чинии. Во калап слоевито ставете по ¼ од секоја боја и водете се според виножитото. Наместете ги стапчињата и замрзнете додека не добиете цврста смеса, односно околу 4 часа. За лесно отстранување, држете ги сладоледите околу 20 секунди под млаз топла вода. Во продолжение погледнете го видеото во кое детално се објаснува целата постапка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар