Ледено освежување за топлите летни денови
Одлични рецепти за алкохолен сладолед на стапче со кои можете да ги изненадите вашите пријатели на наредната домашна забава.
Пинаколада
Потребни состојки:
- свеж ананас, излупен и исечкан на коцки
- 180 милилитри џус од ананас
- 450 милилитри кокосов крем
- 180 милилитри рум
Начин на подготовка:
Во два наврати, измешајте ги во блендер свежиот ананас и џусот од ананас сè додека не добиете мазна мешавина. Потоа сипете ги во поголем сад и додадете ги останатите состојки. Претурете ги во калапи и сместете ги во замрзнувачот.
Кафе и Калуа
Потребни состојки:
- 470 милилитри свежо подготвено еспресо
- 80 милилитри чоколаден сируп
- 6 големи лажици шеќер
- ¼ лажичка цимет
- 2 лажички екстракт од ванила
- 60 милилитри шлаг пена
- 3 големи лажици Калуа
Начин на подготовка:
Измешајте ги сите состојки одеднаш во блендер. Потоа сипете ја мешавината во калапи и замрзнете ги.
Замрзнат Скрудрајвер со вкус на мандарини
Потребни состојки:
- 700 милилитри свеж џус од портокал
- 60 милилитри вотка со вкус на мандарини
- ¼ портокал, исечкан
Начин на подготовка:
Измешајте го џусот со вотката во блендер. Поставете по едно парче портокал на дното на секој капал и врз него додадете ја мешавината. Замрзнете.
Маргарита
Потребни состојки:
- 50 грама шеќер
- 230 милилитри вода
- 230 милилитри свежо исцеден сок од зелен лимон
- 60 милилитри текила
- 60 милилитри ликер од портокал
Начин на подготовка:
Грејте ја водата со шеќерот сè додека тој не се стопи целосно и оставете ја смесата да се олади. Потоа додадете ги останатите состојки и мешајте темелно. Претурете во калапи и замрзнете ги.
Мохито
Потребни состојки:
- 12 ливчиња нане
- 2 зелени лимони
- 90-150 милилитри рум (по ваш избор)
- 7-10 лажици сируп за засладување (по ваш избор)
- 470 милилитри газирана вода
Начин на подготовка:
Со рачката од дрвена лажица истолчете го нането. Исцедете ги зелените лимони и додајте го сокот во садот заедно со нането. Потоа додајте ги румот и сирупот. Сипете ја и газираната вода и потоа мешајте. Откако ќе завршите претурете ја мешавината во калапи и замрзнете ја.