Претходно
Ледена торта со овошје: Заменете го ананасот, бананите и јагодите со сезонско овошје по желба
Оваа овошна торта е одлична за секој ден, а сигурни сме дека и вашите најблиски ќе бидат изненадени од вкусот. Ако немате ананас, банани и јагоди, слободно можете да ги замените со овошје по желба.
Потребни состојки:
- 1 кг шлаг
- 1 л кисела вода
- 300 г јагоди
- 300 г ананас
- 300 г банани
Начин на подготовка:
- Изматете го шлагот со киселата вода и поделете ја смесата на три дела. Исечкајте го овошјето.
- Во првиот дел додајте јагоди, во вториот ананас, а во третиот додајте ги бананите.
- Израмнете ја секоја смеса рамномерно и ставете во замрзнувач 2 часа или преку ноќ во фрижидер.
- Следниот ден свртете ја на послужавник и исечете како торта. Идеално е за топлите денови, а изборот на овошје може да биде различен.
Пробајте го и овој рецепт за енергетски барови со кокос.