Леден чоколаден десерт

Леден чоколаден десерт

Леден десерт во кој ќе уживаат сите

Леден чоколаден десерт

Потребни состојки:
  • 4 жолчки
  • 40 г шеќер во прав
  • 150 г чоколадо со топен лешник
  • 150 г Нутела крем
  • 4 кесички шлаг во прав
  • 400 мл млеко
Начин на подготовка:

Жолчките изматете ги заедно со шеќерот во прав. Потоа ставете ги 5 минути да се готват на пареа. Чоколадото искршете го на ситни парчиња и заедно со кремот ставете ги во еден сад. Полијте ги со топлата смеса од жолчките и шеќерот во прав, убаво измешајте ги и оставете ги да се оладат.

Шлагот во прав изматете го со млекото и додадете го со другите состојки. Откако сите состојки убаво ќе се соединети сипете ја смесата во тава обложена со целофанска фолија и оставете ја да се замрзне. Пота исечете го на коцки и уживајте во неговиот прекрасен вкус.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар