Претходно
Леден чај со зачини
Зачинет богат вкус кој освежуваПотребни состојки за 4 чаши:
- 0,5 литри вода
- 0,5 безмасно млеко
- 4 вреќички црн чај
- 1 стапче цимет
- 1 супена лажица мед
- 5 каранфилчиња
- половина кафена лажичка екстракт од ванила
- еден прстофат морско оревче
- неколку зрна кардамом
- малку ѓумбир
Начин на подготовка: Откако водата ќе зоврие, во неа додајте ги вреќичките чај, медот, циметот и останатите зачини. Исклучете ја ринглата, но садот со течноста оставете го на неа уште пет минути. Потоа процедете ја и ставете ја во фрижидер за добро да се излади. Потоа додадете го и безмасното млеко и чајот е спремен за послужување.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.