Претходно
Леден чај Арнолд Палмер
Крстен според голферот Арнолд Палмер, овој леден чај богат со лимонов сок е извонредно освежување после физички активности во топлите денови
Потребни состојки:
- 0,5 литри зовриена вода
- 100 мл цеден сок од лимон
- 300 мл студена вода
- 2 вреќички зелен чај
- 1 вреќичка црн чај
- 4 кафени лажички мед
Начин на подготовка: Во садот со зовриена вода ставете ги вреќичките чај и медот. Откако ќе отстојат неколку минути, ставете ја содржината во фрижидер. Откако добро ќе се излади, сипете го чајот врз мешавината од студената вода и цедениот лимон и послужете.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.